Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц
- Детали
- среда, 19 јуни 2024
Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал да си го смени личниот опис за да му дадат шанса. Сака да биде максимално дисциплиниран, а освен внимателна исхрана и вежби, тоа вклучува и воздржување од секс. Што знаеме за Лени Кравиц?
Публиката од Македонија и од регионот со нетрпение го очекува концертот на Лени Кравиц што годинава ќе се одржи во Охрид за време на илинденските празници.
Станува збор за рок ѕвезда која е омилена кај македонската публика.
Досега музичарот имал свои концерти во Охрид и Скопје, а ова лето по третпат ќе настапи пред нашата публика.
Освен со својата богата музичка кариера, Лени отсекогаш привлекувал внимание и со својот приватен живот, а добриот изглед и извајаното тело се причина плус за жените од целиот свет да лудуваат по него.
Освен што има објавено своја книга мемоари, Лени во интервјуа отворено зборува за својот живот, за тоа како е да се порасне како дете на славни родители, но сам да се избориш за сопствената слава, а зборува и за дисциплината и сексот.
Што знаеме за рок легендата?
Лени е роден на 26-ти мај 1964-та година како Леонард Алберт Кравиц. Тој е син на актерката Рокси Рокер, позната по улогата во хит-серијата The Jeffersons и на ТВ продуцентот Сај Кравиц, кој е со еврејско потекло.
Иако учел во најелитните училишта во Беверли Хилс, Лени вели дека мајка му била решена да не го разгали, па тој немал ниту автомобил и на часови одел со автобус или го возеле некои од пријателите.
„Мајка ми беше во најпознатото шоу на телевизија 11 години, секако дека имаше пари да ми купи автомобил. Но, таа сметаше дека така нема да го воспита нејзиното момче да стане маж.
Немавме слугинки – во сабота мајка ми сама го чистеше тоалетот. Таа беше најпрекрасната личност“ – раскажа Лени во една пригода.