Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес?
- Детали
- недела, 08 септември 2024
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот на Мадона со нејзиниот единствен биолошки син со години беше турбулентен и одбележан со борба за старателство во судниците. Каде е денес Роко Ричи и во какви односи е со мајка му, Мадона?
Поп кралицата Мадона зад себе има бурно и скандалозно минато, но освен што успеа да изгради огромна музичка кариера, таа истовремено е и мајка на 6 деца, од кои две се биолошки, ќерката Лурдес и синот Роко, а другите 4 деца ги посвоила и се обидела да им обезбеди дом и основни услови за живот.
Ќерката Лурдес, Мадона ја доби во 1996-та година со фитнес тренерот Карлос Леон и во тие години целосно ѝ беше посветена нејзе, па во 1998-ма година за неа ја напиша и песната „Little Star“.
По разделбата со таткото на Лурдес во 1997-ма година, Мадона стана топ тема во сите таблоиди и медиуми, откако ја започна врската со режисерот Гај Ричи во 1998-ма година.
Нивната врска беше тема на интерес постојано, а секојдневно се објавуваа нови статии што беа посветени на нивниот однос.
Во тој период Ричи беше многу популарен заради филмот Lock, Stock and Two Smoking Barrels, а врската со Мадона беше само причина повеќе за тој од речиси непознат режисер да стане препознатливо име во светот на Холивуд.
Во продолжение повеќе факти за турбулентниот однос на Мадона со синот Роко:
Во 2000-та година Мадона и Гај го добија синот Роко, кому му приредија крштевка во Шкотска во декември 2000-та година, а следниот ден приредија венчавка во замок.
Но, 8 години подоцна Мадона и Гај се разведоа, со што започна и турбулентниот однос што таа го има со синот.
Верувале или не, иако на сцена изгледа како мошне опуштена личност, во приватниот живот Мадона во повеќе наврати нагласила дека е целосно посветена на нејзините деца, дека вработува помошници, но не дозволува тие да ги одгледуваат.
А токму таа „строгост“ му пречела на младиот Роко.
Тоа беше потврдено и во 2012-та година кога Роко и Мадона гостуваа заедно во шоуто на Елен Деџенерис, каде на прашањето каква мајка е Мадона, тој засрамено одговори:
„Таа е добра мајка. Да. Само тоа можам да го кажам. Премногу е строга, но во добра смисла“.