Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто)
- Детали
- петок, 28 февруари 2025
Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг милијардер. Тогаш сопругот веќе бил починат, а Ен водела судска битка со син му за наследството.
ФБИ отвора досиеја за многу луѓе, од разни причини – некогаш поради безбедноста на нацијата, а некогаш и поради безбедноста на луѓето што ги следат.
Низ годините, и бројни славни личности си добиле досие и биле на радарот на ФБИ.
Неколку од нив во продолжение:
Чарли Чаплин
Од ФБИ отвориле досие за Чарли Чаплин во 1992 година и за многу краток период, досието станало документ со над 2.000 страници.
Имено, тие стравувале дека Чаплин бил комунист и претставувал закана за националната безбедност.
Едн од причините зошто се сомневале во него е тоа што имал британско државјанство, но и бидејќи бил актер, а тој период сите актери им делувале сомнително.
Од ФБИ биле толку сигурни дека Чаплин е опасна личност, што ја најмиле и британската разузнавачка служба MI5 за да го шпионира.
Целта драма кулминирала во 1925 година кога на враќање од Англија, на актерот му забраниле да влезе во САД.
Па, тој се преселил во Швајцарија каде живеел до својата смрт.
Погледнете и: Психички ги малтретирал сопругите, спиел со 2.000 жени - децата на Чарли Чаплин откриваат контроверзни детали од неговиот живот
Мерилин Монро
Сите знаат за наводната афера на Мерилин Монро и поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди.
Но, оваа афера не е причина зошто од ФБИ покажале интерес за актерката.
Причината е нејзиниот сопруг Артур Милер со кого била во брак од 1956 до 1961 година.
Тие мислеле дека Артур Милер е комунист, или барем симпатизер на комунистите и го следеле, а бидејќи бил во брак со Мерилин, сметале дека треба да ја следат и неа.
Фактот што актерката имала досие во ФБИ разгоре теории на заговор дека можеби Бирото има удел во нејзината смрт.
Витни Хјустон
Поради токсичните врски и проблемите со дрога, Витни имаше лоша репутација во јавност.
Но, нејзината врска со ФБИ не е поради нејзиното проблематично однесување.
Досието на пејачката било отворено во 1988 година, откако опседнат обожавател ѝ испратил 79 љубовни, но и заканувачки писма на пејачката.
Претходно, Витни била малтретирана од друг опседнат обожавател, а имала и ситуација каде познаник пробувал да изнуди пари од неа.
Овие инциденти ги натерале ФБИ да почнат да ја следат ситуацијата и да ја заштитат од потенцијални закани.
Ен Никол Смит
Ен Никол Смит е најпозната по контроверзниот брак со 90-годишен милијардер.
Таа се најде на радарот на ФБИ во 2000 година, откако се појавиле сомнежи дека планирала да го убие синот на нејзиниот сопруг.
Тој период, нејзиниот сопруг беше починат и таа водеше судска битка со син му за богатството од над 1 милијарда долари.
Сепак, по темелна истрага, од ФБИ сфатиле дека немаат доволно докази против Ен.
На крај, Ен го изгуби случајот и не доби ни „скршена пара“ од почнатиот сопруг.
Елвис Присли
И Елвис Присли имал дебело досие во ФБИ од речиси 700 страници.
Од една страна, пејачот бил следен поради неговата безбедност бидејќи често добивал закани и се соочувал со обиди за изнудување пари.
Но, од друга страна, тој бил под истрага и поради неговото влијание врз младите во САД – со својот изглед и провокативните кореографии, од некои сметале дека претставува закана за нив.
Или, како што е наведено во писмо во досието:
„Неговите постапки движења се со цел да предизвикаат сексуална страст кај младите тинејџерки“.
Пејачот бил под истрага и поради пријателството со некои политичари.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





