Психички ги малтретирал сопругите, спиел со 2.000 жени - децата на Чарли Чаплин откриваат контроверзни детали од неговиот живот

„Ме погледна и рече дека не изгледам убаво. Ми рече да ги соблечам чевлите, да ја соблечам облеката и да си ја избришам шминката. Потоа врз мене истури кофа вода“, има изјавено една од поранешните сопруги на Чарли Чаплин.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-01.jpg

Во новиот документарец насловен The Real Charlie Chaplin (Вистинскиот Чарли Чаплин), три од децата на најпознатиот комичар откриваат детали од неговиот живот кои покажуваат дека тој бил многу поразлична личност од она што сме го гледале на екраните.

Половина век по неговата смрт, Чарли Чаплин уште важи за еден од најдобрите комичари. Но, додека целиот свет се смеел на неговите изведби, неговите деца и четирите сопруги морале да се справуваат со мошне проблематична личност.

„Јас бев исплашен од мојот татко. Тој беше толку моќен, што не можевте да се расправате со него бидејќи тој секогаш беше во право. Сите што му беа блиски, на крај беа задушени од него“, открива неговиот 75-годишен син Мајкл.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-02.jpg

„Мојот татко не беше Чарли Чаплин. Тој беше Чарли само кога имаше публика пред него“, вели Џералдин, 77-годишната ќерка на комичарот.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-03.jpg

До 26-годишна возраст, Чарли Чаплин бил најпознатата ѕвезда во Холивуд и тој период ја запознал неговата прва сопруга – Милдред Харис.

Тие стапиле во брак кога Милдред имала неполни 17 години, но две години подоцна се разделиле поради бројните неверства на Чаплин и неговиот ужасен однос кон неа.

Наводно, во периодот кога била бремена со нивното дете, Милдред доживеала „нервен слом“ и била хоспитализирана. Додека се случувало сето ова, комичарот постојано ја изневерувал.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-04.jpg

По смртта на нивното дете, Милдред повеќе не можела да го поднесе животот со комичарот, па поднела барање за развод со изјавата:

„Имаше проблеми со темпераментот, беше нетрпелив и ме третираше како да сум најглупавата личност“.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-05.jpg

Истата година, комичарот ја запознал неговата втора сопруга, Лита Греј. Тие ја почнале врската неколку години подоцна, кога Лита имала 16 години, а набрзо потоа стапиле и во брак.

Овојпат, комичарот и отворено кажувал дека не е многу заинтересиран за неа, без разлика што му е сопруга, и јавно ја навредувал:

„Не сум вљубен во неа, но таа е луда по мене“, гласи неговата изјава за Vanity Fair.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-06.jpg

Во своите мемоари, Лита открила каков сопруг бил Чарли:

„Кога се враќавме од венчавката, тој беше ужасен. Додека бевме во возот, тој ми рече ’Сето ова може да заврши ако скокнеш од возот‘“.

Чарли и Лита имаат две деца заедно, а за време на втората бременост, комичарот почнал да се однесува уште полошо – во нејзината спална соба поставил направа за прислушување и постојано се шетал низ нивниот двор со пиштол.

Исто како првата сопруга, и Лита побарала развод поради суровоста на комичарот и во 1927 тие се разделиле.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-07.jpg

По разводот комичарот редовно ја „оцрнувал“ Лита во медиумите, поради што таа почнала да страда од депресија и развила проблеми со алкохолизам.

Во 1932 година, Чарли ја запознал третата сопруга – 22-годишната Полет Годард и набрзо почнале врска.

И Полет споделувала морничави детали од заедничкиот живот со Чарли. Откако се преселила во неговиот дом, Чарли ѝ дал улога во еден од неговите филмови, а на првиот ден од снимањето се однесувал ужасно кон неа:

„Ме погледна и рече дека не сум изгледала убаво. Ми рече да ги соблечам чевлите, да ја соблечам облеката и да си ја избришам шминката. Потоа врз мене истури кофа вода“.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-08.jpg

Чарли и Полет се венчале во 1936-та, а се разведиле во 1942 година. Наводно, желбата на комичарот да ја контролира, како и постојаното психичко малтретирање ја натерале Полет да го остави.

Една година по третиот развод, Чарли ја запознал четвртата и последна сопруга – Уна О’Нил. Уна имала 18, а Чарли 52 години на денот на нивната венчавка и заедно имаат осум деца. Тие останале заедно до смртта на комичарот.

„Мама беше многу млада кога го запозна. Таа имала само 17, а тато 52 години. Се вљубиле и штом таа наполнила 18 години, стапила во брак. Сите мислеа дека нивниот брак нема да трае, но тие беа луди еден за друг“, открива Џералдин, една од нивните ќерки.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-09.jpg

Во документарецот зборуваат децата од последниот брак на Чарли и сите го делат мислењето дека тој бил и ужасен сопруг, и ужасен татко.

„Тој беше недостапен за нас. Дома најважно беше тој да се чувствува добро. Единствената желба во детството ми беше да имам само еден разговор насамо со него. Но, заборавив на таа желба бидејќи ми беше јасно дека никогаш нема да се случи“, открива 64-годишна Џејн.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-10.jpg

Чарли Чаплин бил еден од најбогатите и еден од најпосакуваните мажи во Холивуд, без разлика на страшните сведоштва на неговите сопруги. Покрај трите неуспешни бракови, комичарот имал бројни афери и се претпоставува дека спиел со над 2.000 жени.

se-venchal-so-maloletnichki-spiel-so-2-000-zheni-decata-na-charli-chaplin-otkrivaat-kontroverzni-detali-od-negoviot-zhivot-11.jpg

Чарли Чаплин почина на 25 декември 1977-ма, на 88-годишна возраст. Комичарот бил со релативно добро здравје и според изворите починал од старост.

Прочитајте повеќе: Тој бил 36 години постар од неа: Скандалозната љубовна приказна на Чарли Чаплин и Уна

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg