-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тој бил 36 години постар од неа: Скандалозната љубовна приказна на Чарли Чаплин и Уна

Имала неполни 18 години кога го запознала 53-годишниот Чарли Чаплин...

bil 36 godini postar od nea skandaloznata ljubovna prikazna na charli chaplin i una 1

Уна О’Нил требала да постигне големи работи во животот, верувале сите кои ја познавале. Била образована, прекрасна, од угледно семејство.

Се очекувало ќерката на угледниот нобеловец Јуџин О’Нил и писателката Агнес Болтон да стане подеднакво важна и славна како и нејзините родители.

Учела во најдобрите училишта, се дружела со тогашната њујоршка елита, а како тинејџерка и припадничка на елитно друштво, била прогласена за дебитантка број 1, според престижниот Stork Club.

„Беше тивка и прекрасна, до таа мера што не можеш да тргнеш поглед од неа,“ ја опишувал тогаш 22-годишниот Селинџер кој бил неизмерно заљубен во неа.

Но, тогаш Уна се одлучила да влезе во Холивуд и да стане актерка. Таму го запознала 53-годишниот Чарли Чаплин, познатиот љубител на млади девојки, кој одлучил да ја ангажира за својот нов филм.

Оваа средба Чаплин ја објаснил како „најсреќната случка во животот.“

bil-36-godini-postar-od-nea-skandaloznata-ljubovna-prikazna-na-charli-chaplin-i-una-2.jpg

Наскоро младата убавица започнала врска со средновечниот Чарли Чаплин, од која сите биле згрозени – целата филмска индустрија, како и американската јавност.

Се венчале штом наполнила 18 години. На Чаплин ова му бил четврти брак. Првите три траеле само по неколку години, а две од своите сопруги ги оженил кога имале само 16 години, додека третата имала 19 години.

Неколку месеци пред средбата на Уна и Чарли, тој поминувал низ мачен судски процес во кој старлетата Џоан Бери, го тужела дека е татко на нејзиното дете. Подоцна, ја прогласиле за ментално нестабилна.

Иако бил ослободен од оваа тужба, бракот на Уна и Чаплин го разлутил нејзиниот татко, кој патем бил врсник со него.

Бракот не бил одобрен и Уна прекинала секаков контакт со нејзиното семејство. Таа му пишувала по едно писмо на својот татко секоја недела, но тој ниту ги отворал, ниту ѝ враќал. По бракот со Чаплин, Уна не разменила ниту еден збор со домашните.

bil-36-godini-postar-od-nea-skandaloznata-ljubovna-prikazna-na-charli-chaplin-i-una-3.jpg

Времето покажало дека Уна не погрешила. Не направила никакви огромни и важни работи како нејзините родители, но со својот сопруг имала складен и убав брак кој траел 34 години. Во него, добиле 8 деца – 5 ќерки и 3 сина.

Поголем дел од животот поминале во Швајцарија, каде ги растеле своите деца.

„Тој од мене направи зрела жена, а јас го одржував млад,“ рекла Уна во една изјава.

Уна го надживеала Чаплин за 14 години, но последните години од животот ѝ биле крајно несреќни. Тагата поради неговата смрт ја навела на алкохолизам. Почина од рак на панкреасот во 1991-ва година.

bil-36-godini-postar-od-nea-skandaloznata-ljubovna-prikazna-na-charli-chaplin-i-una-4.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Наставник бил фатен како гледа филмови за возрасни за време на час - си дал отказ По 40 години работа како професор, Русин морал да си даде отказ откако заборавил...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg