„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со неа

Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да станува опседната со славата. Тој седел сам дома, додека таа се шетала низ клубови со Пи Диди за да стекне поголем публицитет, а често се расправале пред настани – првиот сопруг на Џеј Ло открива каков бил бракот со неа.

nikogash-vo-zhivotot-ne-bi-i-dal-vtora-shansa-prviot-soprug-na-djej-lo-raskazhuva-kakov-bil-brakot-so-nea-01.jpg

Џеј Ло ја започна процедурата за развод со својот четврт сопруг Бен Афлек, а нејзиниот прв сопруг Охани Ноа даде ексклузивно интервју во кое откри како навистина изгледал бракот со поп-дивата во периодот додека таа сè уште не била славна.

Џеј Ло, досега беше во брак четирипати, со Охани Ноа, потоа со Крис Џад, па со Марк Ентони и на крај со Бен Афлек, но се чини дека ниту еден од овие бракови не успеа.

nikogash-vo-zhivotot-ne-bi-i-dal-vtora-shansa-prviot-soprug-na-djej-lo-raskazhuva-kakov-bil-brakot-so-nea-03.jpg

Според првиот сопруг на Џеј Ло, Охани Ноа, причината е во тоа што Џеј Ло речиси никогаш не се посветува на партнерите, туку постојано размислува за тоа како изгледа на камера.

Џеј Ло и Охани Ноа беа во брак само 11 месеци, во периодот од 1997-ма до 1998-мата година, а тој денес, 26 години подоцна даде интервју во кое отворено зборуваше за тоа како изгледал нивниот заеднички живот, и, како што рече, апсолутно разбира како се чувствувал Бен во последните неколку години.

nikogash-vo-zhivotot-ne-bi-i-dal-vtora-shansa-prviot-soprug-na-djej-lo-raskazhuva-kakov-bil-brakot-so-nea-02.jpg

Охани Ноа дошол во САД како имигрант на брод од Куба, а со Џеј Ло се запознал сосема случајно во 1996-та година додека работел како келнер во ресторанот на Глорија Естефан во Мајами.

Тие двајца се гледале неколку дена додека актерката била таму на снимање на филм, а потоа откако таа си заминала во Лос Анџелес, почнале да се слушаат секој ден.

Јавноста дозна за нивната врска откако тие заедно се појавија на премиерата на филмот Blood and Wine, а набрзо подоцна парот почнал да живее заедно, во станот на Џеј Ло во Лос Анџелес, а година и пол по почетокот на врската Охани клекнал на едно колено и ја побарал за жена.

nikogash-vo-zhivotot-ne-bi-i-dal-vtora-shansa-prviot-soprug-na-djej-lo-raskazhuva-kakov-bil-brakot-so-nea-04.jpg

Но, уште тогаш веќе почнало да се насетува дека Џеј Ло со славата се менува и станувала опседната со сопствениот изглед.

„Кога бевме сами таа се облекуваше едноставно во облека за вежбање и маичка и мислев дека изгледа многу природно и убаво.

Но, кога ќе одевме во шопинг или кога некој требаше да дојде со фустани за посебни настани таа ги пробуваше и постојано ме прашуваше:

’Дали изгледам дебело?‘, на што јас ѝ одговарав:

’Не изгледаш дебело, изгледаш одлично‘.

Затоа можам да го разберам Бен. И двајцата се трудевме да ѝ ја кренеме самодовербата“ – вели Охани.

nikogash-vo-zhivotot-ne-bi-i-dal-vtora-shansa-prviot-soprug-na-djej-lo-raskazhuva-kakov-bil-brakot-so-nea-06.jpg

Во тоа време Џеј Ло го снимала филмот Selena што ѝ отвори многу врати во Холивуд, а Охани се присетува дека неговата тогашна сопруга била мошне анксиозна и вознемирена.

Тој ја коментира нејзината изјава дека најголема желба во животот ѝ била да биде сакана, па вели:

„Таа имаше четворица добри сопрузи и била сакана претходно, па не знам уште колку љубов ѝ треба и по каква љубов трага!“.

nikogash-vo-zhivotot-ne-bi-i-dal-vtora-shansa-prviot-soprug-na-djej-lo-raskazhuva-kakov-bil-brakot-so-nea-08.jpg

Охани, раскажува дека по успехот со филмот Selena Џеј Ло целосно се променила како личност и како кај неа се јавувала желбата постојано да биде фотографирана, што нему почнало да му пречи.

„Знаев да ѝ речам: ’Мора да сочуваш барем нешто во приватноста. Не можеш да бидеш во вистинска врска, ако постојано те фотографираат!‘“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg