Мавта со рацете, ја „убива“ со поглед – Бен Афлек се расправа со Џеј Ло во јавност (фото)
- Детали
- вторник, 02 јануари 2024
Мавта со рацете, се држи за глава, а потоа, пак, ја бакна сопругата како ништо да не било. Бен Афлек беше фотографиран како се расправа со Џеј Ло во јавност додека заедно беа на патување на Карибите за новогодишните празници.
Џенифер Лопез и Бен Афлек одлучија новогодишните празници да ги поминат на карипскиот остров Свети Вартоломеј.
Бен беше фотографиран како вози електрично возило и делува напнато, а во саботата (30.12), додека со Џеј Ло шетаа низ продавници за накит, се чини дека имаa мошне бурна дискусија.
Бен ѝ помогнал на неговата сопруга да проба повеќе различни парчиња накит, но на крај почнува да мавта со рацете и да се држи за глава, па го покажа својот „мизерен“ изглед.
Сепак, од другите фотки се гледа дека парот успеал да ја смири тензијата, па заедно направија повеќе селфи фотографии, а Бен имаше задача и да ја фотографира пејачката со различните парчиња накит.
По јавната расправија, парот беше забележан како се шета низ островот, со насмевка на лицето, па Бен и Џеј Ло успеаја да покажат дека се исти како и сите други парови и понекогаш и тие имаат несогласувања, но брзо се смируваат.
Погледнете повеќе фотки од одморот на Џеј Ло и Бен Афлек на Карибите:
Б. С. Б. | Црнобело