Бен Афлек подготвен да направи сè за Џенифер Гарнер: „Многу ја сака, Џеј Ло не можеше да се натпреварува со неа“
- Детали
- петок, 21 февруари 2025
Иако изворите тврдат дека нема ништо романтично помеѓу Бен Афлек и Џенифер Гарнер, факт е дека тие минуваат сè повеќе време заедно, како и дека Бен е подготвен да си го стави животот на пауза за да ѝ помогне на бившата која се справува со последиците од пожарите во Лос Анџелес.
Пожарите што го зафатија Лос Анџелес на почетокот од годината веќе се изгаснати, но актерката Џенифер Гарнер секојдневно волонтира за да им помогне на засегнатите.
Актерката, која изгуби пријател во пожарите, постојано била активна и нејзините блиски веќе почнале да се загрижуваат бидејќи воопшто не одмарала.
„Секој миг што е будна, Џен им помага на нејзините пријатели кои изгубија сè во пожарите. Ѝ помага на нејзината црква и не запира.
Дефинитивно треба малку да одмори, но тоа не е својствено за неа. Пожарите имаа лошо влијание врз неа и таа изгуби пријател. Па, секој ден волонтира.
Покрај тоа, кога почнаа пожарите, Бен Афлек се разведуваше од Џеј Ло, а Гарнер им беше како посредник.
Истовремено, се грижи и за своите деца, а е многу одговорна мајка“, вели извор за Daily Mail.
Додека траеја пожарите, Бен Афлек беше забележан како ѝ помага на Џенифер со волонтерската работа, а наводно сега бил подготвен целосно да ѝ се посвети.
„За него, таа е супержена. Го спаси многупати, па сега тој би направил буквално сè за неа.
Подготвен е да го стави животот на пауза за да се осигури дека таа е добра“, додава изворот.
И, факт е дека Бен минува многу повеќе време со Џенифер Гарнер.
Иако раскинаа пред повеќе од цела деценија, се чини дека Бен и Џенифер Гарнер сè повеќе се зближуваат со текот на времето.
„Нивната разделба беше тешка, но ги излечија раните од минатото и се многу блиски. И, нивното пријателство е многу повеќе од заедничката обврска што ја имаат кон децата.
Може да се каже дека сега се и поблиски отколку кога беа во брак. Бен ја цени и сака“, откри извор за InTouch.
Изворот додава и дека Џеј Ло не можела да се натпреварува со она што го имаат Бен и Џенифер Гарнер.
„Иако Џеј Ло некогаш чувствуваше закана од односот на Гарнер и Бен, никогаш не помислуваше дека тој би ја изневерил. Но, сепак, гледаше како се однесуваат еден кон друг.
Има близина помеѓу Гарнер и Бен со која Џеј Ло не можеше да се натпреварува“.
Што се однесува до дечкото на Џенифер Гарнер – Џон Милер – тој не чувствувал закана од нејзината близина со бившиот.
„Џон и Џенифер се во сериозна врска. И, изгледа дека Џон го сака Бен.
Џенифер секогаш ќе биде овде за Бен и ќе го спасува ако треба, но овде завршува нивната близина“, додава изворот.
Сепак, други извори велат дека не му е сеедно за близината меѓу девојка му и нејзиниот поранешен сопруг.
Прочитајте и: Го однесе на рехабилитација, го теши по разводот: Дали Џенифер Гарнер е „вистинската“ за Бен Афлек?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





