6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото

„Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако се објавени ретки фотки на кои се гледа дека таа е среќна со дечкото со кого е во врска 6 години.

6-godini-ja-krijat-ljubovta-retko-pojavuvanje-na-djenifer-garner-so-dechkoto-01.jpg

Поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер беше фотографирана како се шета фатена за раце со нејзиниот дечко Џон Милер низ Калифорнија.

Ова се некои од ретките фотки на актерката со партнерот со кого веќе 6 години е во врска, а се гледа дека навистина е среќна.

Џенифер и нејзиниот дечко се појавија во опуштено издание, видно расположени.

6-godini-ja-krijat-ljubovta-retko-pojavuvanje-na-djenifer-garner-so-dechkoto-02.jpg

Познато е дека Џенифер ја започна врската со Џон во 2018-та година, кога и официјално се разведе од Бен Афлек, со кого 3 години претходно живееја разделени.

Сепак, таа и Џон ретко се појавуваат во јавност и веќе 6 години успешно ја кријат својата љубов од папараците, освен во ретки мигови, кога некои нивни заеднички фотки завршуваат во таблоидите.

Познато е дека Џон има две деца од претходниот брак со виолинистката Керолин Кемпбел.

Додека Бен постојано е во центарот на вниманието откако се смири со Џеј Ло и му нема спас од папараците, се гледа дека Гарнер е вистински среќна со новиот дечко.

„Бен дали ти недостасува Џенифер сега?“

„Каков парадокс е љубовта! Од едноставната, скромна Џенифер Гарнер… Да се префрлиш на скапата за одржување дива Џеј Ло“ – стои во дел од коментарите.

6-godini-ja-krijat-ljubovta-retko-pojavuvanje-na-djenifer-garner-so-dechkoto-07.jpg

Прочитајте и Бен Афлек гневно се расправа со бившата Џенифер Гарнер, додека со Џеј Ло е како потполно друга личност (фото)

Погледнете уште неколку нови фотки од Џенифер и Џон во продолжение:

6-godini-ja-krijat-ljubovta-retko-pojavuvanje-na-djenifer-garner-so-dechkoto-05.jpg

6-godini-ja-krijat-ljubovta-retko-pojavuvanje-na-djenifer-garner-so-dechkoto-04.jpg

6-godini-ja-krijat-ljubovta-retko-pojavuvanje-na-djenifer-garner-so-dechkoto-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg