Бен Афлек гневно се расправа со бившата Џенифер Гарнер, додека со Џеј Ло е како потполно друга личност (фото)

Бен Афлек беше забележан со бившата Џенифер Гарнер како гневно гестикулира, додека на сите понови фотки со Џеј Ло изгледа како потполно друга личност – постојано ја држи за рака и е посреќен од кога било.

ben-aflek-gnevno-se-rasprava-so-bivshata-dzhenifer-garner-dodeka-so-dzhej-lo-e-kako-potpolno-druga-lichnost-foto--01.jpg

Бен Афлек изгледаше видно вознемирен додека разговараше со поранешната сопруга Џенифер Гарнер минатата недела. Познатите актери се разведоа по повеќе од една деценија заедно, а сега се во контакт поради нивните три деца – Вајолет (16), Серафина (12) и Семјуел (9).

ben-aflek-gnevno-se-rasprava-so-bivshata-dzhenifer-garner-dodeka-so-dzhej-lo-e-kako-potpolno-druga-lichnost-foto-07.jpg

Иако наводно Афлек и Гарнер се во релативно добар однос, на последните папарацо фотки од нив изгледа како жестоко да се расправаат.

ben-aflek-gnevno-se-rasprava-so-bivshata-dzhenifer-garner-dodeka-so-dzhej-lo-e-kako-potpolno-druga-lichnost-foto-03.jpg

ben-aflek-gnevno-se-rasprava-so-bivshata-dzhenifer-garner-dodeka-so-dzhej-lo-e-kako-potpolno-druga-lichnost-foto-08.jpg

Актерите беа фотографирани на улица во Калифорнија. Бен жестоко гестикулираше со рацете и иако не му се гледа лицето од заштитната маска, очигледно е дека е гневен.

Џенифер, пак, имаше загрижен израз на лицето.

Откако завршија со расправата, актерите почнаа да се движат по тротоарот и се разделија.

ben-aflek-gnevno-se-rasprava-so-bivshata-dzhenifer-garner-dodeka-so-dzhej-lo-e-kako-potpolno-druga-lichnost-foto-05.jpg

Бен и Џенифер Гарнер се венчаа во 2005 година, се разделија во 2015-та, а го финализираа разводот во 2018 година.

Кратко по нивната разделба се дозна дека Бен ја изневерил Џенифер со нивната дадилка, но подоцна актерката тврдеше дека аферата не била причината за разводот.

„Само да ви кажам, ние бевме разделени неколку месеци пред јас да дознаам за аферата со дадилката“, сподели Џенифер во интервју во 2016 година.

ben-aflek-gnevno-se-rasprava-so-bivshata-dzhenifer-garner-dodeka-so-dzhej-lo-e-kako-potpolno-druga-lichnost-foto-06.jpg

Извори блиски до актерите открија дека проблемите во бракот потекнувале од Бен – актерот имаше проблеми со коцкање и алкохолизам, имаше неколку испади во јавност и генерално имал проблем со контролирањето на гневот.

По разделбата со Гарнер, актерот имаше неколку кратки врски, од кои можеби најмногу внимание привлече врската со актерката Ана Де Армас. Сепак, иако актерите изгледаа среќно и вљубено, нивната романса не траеше долго.

По врската со Ана, на големо изненадување на јавноста, Афлек ѝ се врати на старата љубов – Џенифер Лопез.

ben-aflek-gnevno-se-rasprava-so-bivshata-dzhenifer-garner-dodeka-so-dzhej-lo-e-kako-potpolno-druga-lichnost-foto-02.jpg

И додека со поранешните девојки Афлек се чини секогаш имал по некој гневен испад, изгледа дека Џеј Ло го „вади“ најдоброто од него и секојпат кога се заедно во јавност актерот изгледа пресреќно.

Само неколку денови по инцидентот со Џенифер Гарнер, актерот беше забележан со Џеј Ло и нејзината 13-годишна ќерка Еме.

ben-aflek-gnevno-se-rasprava-so-bivshata-dzhenifer-garner-dodeka-so-dzhej-lo-e-kako-potpolno-druga-lichnost-foto-10.jpg

Наводно, парот купувал очила за ќерката на пејачката, а од фотките се гледа дека постојано се држат за рака.

Неодамна актерот и самиот изјави колку е среќен што ѝ се врати на Џеј Ло по речиси 17 години откако првпат се разделија.

„Слободно можам да кажам дека ми е прекрасно. Сега мојот живот ја покажува не само личноста што сакам да бидам, туку личноста која чувствувам дека сум – не сум совршен, но сум некој кој се обидува да биде искрен“, изјави актерот во неодамнешно интервју за WSJ.

ben-aflek-gnevno-se-rasprava-so-bivshata-dzhenifer-garner-dodeka-so-dzhej-lo-e-kako-potpolno-druga-lichnost-foto-09.jpg

„И ова е убава приказна. Одлична приказна. И, можеби еден ден ќе ја раскажам. Ќе напишам сè за неа“, додава актерот.

Во интервјуто, актерот прозборе и за проблематичниот период од неговиот живот, кога се бореше со алкохолизмот и го „уништуваше“ бракот со Џенифер Гарнер.

„Има многу работи што би сакал мојата помлада верзија да ги разбере. Некои работи за кои се срамам да бидам отворен бидејќи се само мои грешки“.

ben-aflek-gnevno-se-rasprava-so-bivshata-dzhenifer-garner-dodeka-so-dzhej-lo-e-kako-potpolno-druga-lichnost-foto-12.jpg

Актерот вели и дека некои денови стравувал дека ќе изгуби сè поради проблемите со алкохолот и вели дека бил обележан како алкохоличар бидејќи прозборел за зависноста, за разлика од други актери кои умешно ја скриле од јавноста.

И извори блиски до парот тврдат дека Џеј Ло и Бен се совршен пар.

„Одлично им оди. Џенифер сака што е со Бен. Смета дека судено им е да бидат заедно“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg