Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласините за развод
- Детали
- сабота, 22 јуни 2024
Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на брод во Италија, а на многу фотки, задникот ѝ беше во прв план. Додека пејачката е на одмор, Бен е во Лос Анџелес.
Среде гласините за развод, Џеј Ло одлучи да замине на одмор во Италија, и тоа без Бен Афлек.
54-годишната пејачка беше забележана на брод со група пријатели во близина на италијанскиот град Амалфи.
Џеј Ло носеше бел едноделен костим за капење, во комбинација со златен накит и големи очила за сонце.
А, за време на крстарењето, направи и неколку фотки и на дел од нив позира со задникот во преден план.
Откако заврши со фотографирањето, пејачката облече кратки панталони и широка блуза, па разговараше и танцуваше со пријателите.
Во меѓувреме, Бен Афлек е во Лос Анџелес, а неодамна даде интервју во кое зборуваше за тоа како е да се биде во брак со можеби најпопуларната личност на планетата.
„Се шетавме заедно, и каде и да се појави… Луѓето ја сакаат, навистина им значи.
Кога јас ќе сретнам некој фан, само ми вели ’Ми се допадна твојот филм‘, но кога ќе ја видат неа, почнуваат да викаат ’Џеј Ло!‘ Неверојатно е“.
Актерот открива дека многупати имале ситуации кога биле излезени во јавност, а фановите почнувале да викаат по Џеј Ло и да бараат да се фотографираат со неа.
Тој признава дека на почетокот му било навистина тешко да се навикне на толкаво внимание.
За потсетување, веќе извесен период кружат гласини дека парот се соочува со сериозни проблеми, а некои шпекулираат дека разводот е неизбежен.
Засега, ни Бен ни Џеј Ло се немаат огласено за шпекулациите, но соло одморот на пејачката дополнително ги разгоре.
Повеќе фотки од Џеј Ло во Италија:
Спирова С. | Црнобело