Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверзии за раперот
- Детали
- вторник, 10 декември 2024
Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството се појави на филмска примера како ништо да не се случило. Џеј Зи насмеан позираше со ќерка му Блу Ајви и сопругата Бијонсе, а со нив беше и мајката на пејачката – Тина Ноулс.
Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче заедно со Пи Диди – нешто што за многумина се чини и дека не беше изненадување.
Според тужбата, инцидентот се случил во 2000 година, на забава по доделувањето на MTV Video Music Awars.
Уште откако Диди беше уапсен, јавноста почна да шпекулира за вмешаноста на Џеј Зи во целата ситуација.
За тужбата, Џеј Зи изјави дека е невин, па дури и самиот се нарече жртва на уценување, додека Бијонсе нема кажано ништо.
А, само еден ден по тужбата, парот и нивната ќерка присуствуваа на филмска премиера како ништо да не било.
Бијонсе, Џеј Зи и нивната 12-годишна ќерка Блу Ајви беа на премиерата на новиот филм Mufasa: The Lion King во Холивуд.
Со нив беше и мајката на Бијонсе – Тина.
Ќерката на парот сè повеќе личи на мајка си и изгледаше беспрекорно во долгиот свечен фустан со металик боја.
Но, големиот ден на девојчето кое го позајмува гласот за еден од ликовите во филмот, дефинитивно беше засенет од тужбата на татко ѝ.
Бијонсе и Џеј Зи, пак, позираа со широки насмевки како да не се случува ништо.
И, додека тие уживаа на премиерата, во јавност почна да се шпекулира за сите контроверзии поврзани со Џеј Зи, но и врската со Бијонсе, особено нивната возрасна разлика.
Неколку вознемирувачки детали на кои јавноста повторно обрнува внимание:
Според Бијонсе, со Џеј Зи се запознале кога таа имала 18 години и на почетокот биле пријатели.
Од друга страна, Џеј Зи има изјавено дека Бијонсе имала 16 години кога ја запознал, додека тој – 28.
Но, и покрај возрасната разлика и фактот што практично била дете во споредба со него, самиот има изјавено дека штом ја видел, се заколнал дека ќе биде негова.
Тие ја потврдија врската во 2001 година, откако заедно се појавија на насловната на магазинот Vanity Fair.
Во 2003 година, тие заедно го издадоа хитот Crazy in Love, а следната година првпат се појавија како пар на доделувањето на MTV VMA.
Се венчаа во тајност, во 2008 година, и до денес венчавката е обвиена со мистерија.
Никој не знае ништо за свадбата, додека некои веруваат дека се венчале во нивниот пентхаус во Менхетн.
На денот на свадбата, Бијонсе имаше 25 години, додека Џеј Зи – 38.