Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверзии за раперот
Во 2014 година, се случи еден од првите скандали на парот.
На Мет галата, сестрата на Бијонсе, Соланж Ноулс, го нападна Џеј Зи додека беа во лифт, а тепачката беше снимена на безбедносна камера.
Тие се немаат огласено за причината за тепачката, но се верува дека Соланж го нападнала Џеј Зи бидејќи тој ја изневерувал Бијонсе.
Бијонсе, пак, потврди дека сопругот имал афера две години подоцна, откако го издаде албумот Lemonade кој е посветен на неверството на Џеј Зи.
Подоцна Џеј Зи го призна неверството, а извесен период имаше гласини дека имал афера со Ријана, кога таа имала само 17 години.
Ријана пак, самата има откриено дека кога имала 16 години, Џеј Зи не ѝ дозволувал да си замине од студиото - со часови ја држел затворена и ѝ рекол дека нема да ја пушти да си оди ако не пее за него.
Веројатно и мајката на Бијонсе не е многу воодушевена од зетот, без разлика што заедно беа на премиера.
Имено, кратко по веста за тужбата на Џеј Зи, инстаграмџиите забележаа дека таа ставила „лајк“ на објава на американски медиум за новостите за тужбата на раперот.
Неколку часа подоцна, таа тврдеше дека профилот ѝ бил хакиран, но многумина веруваат дека лаже.
Инаку, Бијонсе не е првата многу помлада девојка што му го привлекла вниманието на Џеј Зи.
Кратко пред врската со Бијонсе, тој наводно се гледал со починатата пејачка Алија.
Тогаш тој имал 28 години, а таа едвај 20.
Пријателството со Диди, пак, не е единственото проблематично за раперот – тој беше многу близок и со R Kelly, кој моментално е во затвор за снимање детска порнографија и односи со малолетници.
Исто така, кога имаше 27 години, R Kelly тој се венча со Алија (наводната бивша на Џеј Зи) во хотелска соба во Чикаго.
Имено, дури ѝ најмил и лажна лична карта бидејќи тогаш Алија имала само 15 години.
Нормално, бракот беше поништен набрзо потоа, од страна на родителите на Алија.
Пред R Kelly да заврши во затвор, Џеј Зи се дружеше со него, па дури и снимија заеднички албум.
Пријателството на Џеј Зи и Пи Диди, пак, почна уште порано, во раните 1990-ти, кога двајцата се пробиваа на хип-хоп сцената во САД.
Тие беа особено блиски и низ годините честопати јавно се поддржуваа еден со друг.
Во една пригода, Пи Диди изјави и дека Џеј Зи е единствената личност освен мајка му што има дозвола да му се обраќа со вистинското име – Шон.
Џеј Зи е едно од најмоќните имиња во музичката индустрија и прослави дел од најпознатите музичари на денешницата, како Ријана.
Бидејќи е продуцент на голем број млади девојки, јавноста се сомнева дека можеби ги уценува за да ги прослави – како што е случајот со Ријана и гласините дека имале афера кога била малолетна.
Спирова С. | Црнобело