Марис за животот во Шведска: „Aко помислите дека животот во Македонија е скап, тука две краставици се 2,5 евра“

Марија Илиев од Штип, позната како „Марис“, на Инстаграм има повеќе од 60.000 следбеници, а во Шведска живее со сопругот. Открива детали како ѝ изгледа животот таму...

maris-za-zhivotot-vo-shvedska-dve-krastavici-se-2-5-evra-01.jpg

Македонската модна инфлуенсерка Марис веќе извесен период живее во Шведска. На својот Инстаграм профил таа постојано открива детали оттаму.

maris-za-zhivotot-vo-shvedska-dve-krastavici-se-2-5-evra-08.jpg

Марија Илиев од Штип, позната како „Марис“ има повеќе од 60.000 следбеници, а во Шведска живее со сопругот.

Сега, се пофали дека ќе се појави во шведски магазин, а сподели и фотографии од фотосесијата за магазинот на својот Инстаграм профил.

Таа, исто така, во видео на Инстаграм Стори ги прокоментира цените во Шведска.

„Ако мислиш дека животот во Македонија е скап тогаш потсети се дека две краставици во Шведска се 2,5 евра. Само две!“.

maris-za-zhivotot-vo-shvedska-dve-krastavici-se-2-5-evra-03.jpg

Марис откри и дека оди на часови по шведски јазик и дека сега нејзината група се зголемила на 30 луѓе, па се надева дека конечно ќе си пронајде другарка која сака да се фотографира, исто како неа, па заедно да креираат содржина за на Инстаграм.

Инаку, кога е во Македонија Марис ја користи секоја пригода за тоа кога ќе се сретне со нејзината пријателка Јелена Спенџарска, која живее на релација Скопје-Солун.

Марис во септември 2024 отворено проговори за естетската корекција на увото која ја направи во Државна болница кај д-р Игор Пеев“.

„Многу време се мислев дали да правам операција на увото.

Мене не ми се познава многу и никој не го забележуваше, но јас си забележував затоа што едното уше ми е малку клемпаво и ми пречеше“, изјави во таа пригода и охрабри многу девојки кои сметаат дека имаат проблем, но не говорат јавно на темата.

maris-za-zhivotot-vo-shvedska-dve-krastavici-se-2-5-evra-06.jpg

Целото нејзино искуство прочитајте го ТУКА!

 С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg