Лекарите му предвидоа само 3 месеци живот, тајно се венча со 10 години постара актерка: Животот на Маринко Маџгаљ од „Фламингоси“

Почина во 2016 година од рак на панкреасот, но и денес е обожаван од публиката во регионот - Што знаеме за краткиот живот на Маринко Маџгаљ од „Фламингоси“?

lekarite-mu-predvidoa-samo-3-meseci-zhivot-tajno-se-vencha-so-10-godini-postara-akterka-zhivotot-na-marinko-madjgalj-od-flamingosi-01.jpg

Актерот Маринко Маџгаљ ќе остане запаметен како еден од најхаризматичните глумци на својата генерација.

Почина на само 38 години од рак, но и денес, девет години по неговата смрт, најблиските, колегите и фановите со многу љубов се сеќаваат на него.

lekarite-mu-predvidoa-samo-3-meseci-zhivot-tajno-se-vencha-so-10-godini-postara-akterka-zhivotot-na-marinko-madjgalj-od-flamingosi-03.jpg

За некои, тој засекогаш ќе остане запаметен како Маринко од „Фламингоси“, за други секогаш ќе биде Сафет од серијата „Рањени орао“.

Во неговиот краток живот, Маџгаљ постигна навистина многу и живееше со полни гради до последниот здив.

До толку, што на само 20 дена пред смртта си исполни голема желба - направи крштевка во манастирот Острог.

Што знаеме за Маринко Маџгаљ?

Роден е на 21 август 1978 во Белград, но пораснал во Котор.

Во 2000 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности, на отсекот глума.

Со својот пријател Огњен Амиџиќ го основа бендот „Фламингоси“, но неколкупати изјави дека почнале да пеат заедно за да ги забавуваат пријателите, без намера нивните песни да се појават во јавноста.

lekarite-mu-predvidoa-samo-3-meseci-zhivot-tajno-se-vencha-so-10-godini-postara-akterka-zhivotot-na-marinko-madjgalj-od-flamingosi-15.jpg 

Но, имаа толку голем успех, што требаше да ја претставуваат Србија и Црна Горa на Евровизија 2006 година во Атина со песната „Луди летњи плес“.

За жал, поради несогласувањата на двете земји околу евровизискиот претставник, државата го откажа учеството на музичкото натпреварување.

Што се однесува до актерската кариера, Маринко се прослави со улогата во серијата „Црни Груја“, но со улогите во љубовните драми „Рањени орао“ и „Грех њене маме“ стана вистински миленик на жените.

lekarite-mu-predvidoa-samo-3-meseci-zhivot-tajno-se-vencha-so-10-godini-postara-akterka-zhivotot-na-marinko-madjgalj-od-flamingosi-02.jpg

Во 2007 година почнал врска со својата најголема љубов, актерката Дубравка Мијатовиќ, која беше 10 години постара од него.

Тие долго време криеја дека се заедно.

Маринко ја побара Дубравка за сопруга во тајност, а и свадбата ја направија далеку од очите на јавноста.

16123886_397342423955128_4413537238369959936_n.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
Никола Роквиќ има полубрат: Татко му го добил пред да се ожени, го признал на барање на сопругата Причината што Марко и Никола Роквиќ се блиски со својот полубрат, е нивната мајк...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Се прежени 40 дена по разводот и стана татко - Милош Тимотијевиќ на плажа со синот „Ништо не славев. Породувањето беше мошне напорно“ – изјави Милош Тимотијевиќ не...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg