Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов
- Детали
- недела, 12 јануари 2025
Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри дека ќе добие трето дете - објави фотка од ултразвук и така го честиташе големиот христијански празник.
Српскиот пејач Алекса Перовиќ, кој се прослави со регионалното музичко шоу „X Фактор“, истата истата година кога се натпреваруваше и нашиот Даниел Кајмакоски, на Божиќ откри дека чека трето дете.
Алекса Перовиќ од Краљево стана миленик во регионот кога на свои 17 години се натпреваруваше во шоуто „Х Фактор“.
Иако не победи (таа 2014-та година победник беше нашиот Даниел Кајмакоски), Алекса продолжи да пее, а публиката и денес го сака, препознава и оди на неговите настапи.
Неколку години подоцна, во 2017-та, Перовиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“, но не ги искористи своите 5 минути и сето она што го носи победата во шоуто.
Па, наместо да гради кариера, остана да пее низ локалите во Србија и на по некој концерт каде што ќе го поканат.
Но, неговата кариера со години повлекува помалку внимание од неговиот приватен живот.
Брзо по учеството во „Х Фактор“, Алекса се ожени со Милица, а парот го доби ќерките Срна и Луна.
Но, по 6 години брак, во февруари 2023-та, најавија дека се разведуваат и дека „веќе не се маж и жена, туку пријатели“, а дека нивната љубов згаснала.
Тие веста за разводот ја споделија на Инстаграм, со порака дека помеѓу нив нема „лоша крв“ и дека и понатаму се почитуваат.
Доказ за ова е што на профилот на Алекса на Инстаграм и понатаму стојат фотографиите со Милица и семејните фотки на кои се тие двајца со нивните деца.
Скоро две години по разводот, на Божиќ, Алекса преку Инстаграм Сторис откри дека ќе добие трето дете.
Тој објави фотка од ултразвук и на тој начин го честиташе големиот христијански празник.
Пејачот, сепак ја крие жената со која е во љубов и која ќе му роди дете.
Според дел од српските медиуми, станува збор за бринета, со која пејачот бил неколкупати виден во јавноста, но тој засега го крие нејзиниот идентитет.
А. Ј. | Црнобело