Алекса Перовиќ, објави за распадот на неговиот брак: „Веќе не сме маж и жена, сфативме како пријатели сме посреќни“

„Веќе не сме маж – жена пар, туку партнери – пријатели пар. Велат дека тагата има 5 фази. Ние дојдовме до 5-тата, кога прифативме дека кaко пријатели сме посреќни. Верувале или не – нема зла крв, каење, вртење глава...“, вели Алекса Перовиќ од Краљево, кој се прослави во регионалното музичко шоу „X Фактор“, истата година кога се натпреваруваше и нашиот Даниел Кајмакоски.

aleksa-perovikj-objavi-za-raspadot-na-negoviot-brak-vekje-ne-sme-par-mazh-i-zhena-sega-sme-par-prijateli-01.jpg

Алекса Перовиќ од Краљево се прослави на само 17 години во регионалното музичко шоу „X Фактор“, истата година кога се натпреваруваше и нашиот Даниел Кајмакоски, а сега е сопруг и татко на 2 деца, но неодамна откри дека работите во неговиот брак не одат најсјајно.

Тој и неговата сопруга Милица откриja каква е ситуацијата и како планираат да функционираат во иднина.

aleksa-perovikj-objavi-za-raspadot-na-negoviot-brak-vekje-ne-sme-par-mazh-i-zhena-sega-sme-par-prijateli-02.jpg

Нивната објава на Инстаграм:

„Размислувавме дали воопшто е неопходно вакво нешто да објавиме на Инстаграм. Климнавме и двајцата со главите и рековме дека сепак ова ни се чини како исправна работа.

Нашето семејство во последните 8 месеци има поинаква динамика.
Веќе не сме маж – жена пар, туку партнери – пријатели пар.

Велат дека тагата има 5 фази. Ние дојдовме до 5-тата, кога прифативме дека кaко пријатели сме посреќни.
Верувале или не – нема зла крв, каење, вртење глава. Има заеднички ручеци, кафе, прославување на празници и пораки кога нешто е навистина важно, смешно, тажно или тргнало на лошо.

До ова не дојдовме преку ноќ, патот беше посипан со стакло, но навистина многу сакавме да стигнеме до таму каде што сме денес. Овој пријателски корен е длабоко во нас.
Нашиот психолог вели дека е горд на нас, а да бидеме искрени – и ние сме.

Знаеме како луѓето отстрана го гледаат ова: „Ах, беа премлади“, но тоа е ако работите се гледаат површно и на прва – да.
Ако се навлезе малку подлабоко, знаеме дека и многу постари од нас помалку би се снаоѓале во ситуациите кои нас нè затекнуваа во последните 6 години. А искрено ги имаше многу.

Ние тоа го одработивме како возрасни луѓе. Така сакаме и сега.

aleksa-perovikj-objavi-za-raspadot-na-negoviot-brak-vekje-ne-sme-par-mazh-i-zhena-sega-sme-par-prijateli-04.jpg

И понатаму ќе се задеваме еден со друг, ќе нè гледате заедно на нашите платформи како се поддржуваме еден со друг и како се чудиме колку големи станаа нашите деца.

Нашиот брак не настана од импулс, настана од љубов, која го промени својот облик. А ние и понатаму ја живееме.

Ако некој праша – одново би направиле сè исто.“

aleksa-perovikj-objavi-za-raspadot-na-negoviot-brak-vekje-ne-sme-par-mazh-i-zhena-sega-sme-par-prijateli-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg