Добрина на дело: Жена во Грција влезе во студеното море за да спаси маче, кое се бореше за живот (видео)

„Оваа жена не се двоумеше да влезе во студеното море и да спаси маче кое се бореше за живот. Му даде втора шанса за живот“, пишуваат од Nikana.gr. Браво! Додека постојат вакви луѓе, имаме причина да веруваме во добрината.

dobrina-na-delo-zhena-vo-grcija-vleze-vo-studenoto-more-za-da-spasi-mache-koe-se-boreshe-za-zhivot-video-01.jpg

На Фејсбук профилот на српскиот сајт Nikana.gr, водич за српските туристи кои ја обожаваат Грција како дестинација, осамна видео на кое се гледа како жена спасува маче.

Видеото е снимено на Eвиа, вториот по големина остров во Грција.

Жената, и покрај мрачното време, без размислување влегува во студената морска вода за да го спаси мачето.

На сајтот Nikana пишуваат:

„Оваа жена не се двоумеше да влезе во студеното море и да спаси маче кое се бореше за живот.

Се верува дека било фрлено, а таа му даде втора шанса.

Благодарност до секој што со своите дела покажува дека сè уште постои добрина. Да ги споделуваме ваквите приказни — нека инспирираат и потсетуваат дека и малите нешта го менуваат светот.

Додека постојат вакви луѓе, имаме причина да веруваме во добрината. Да бидеме и ние причината за некој друг да верува во добрината“.

Погледнете го потегот на оваа хумана жена:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
„Бев на погреб во Белград, имаш девојка од 27 години лежи и последно збогум - не гледаш партија, ни ... „Кој знае колку луѓе дојдоа. Се чекаше ред. И во тие моменти сè се заборави: пол...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg