„Бев на погреб во Белград, имаш девојка од 27 години лежи и последно збогум - не гледаш партија, ни позиција“
- Детали
- петок, 21 март 2025
„Кој знае колку луѓе дојдоа. Се чекаше ред. И во тие моменти сè се заборави: политика, кој за кого е, кој каде е. Имаш ред луѓе кои чекаат да изразат сочувство, имаш девојка од 27 години која лежи, и имаш последно збогум...“, пишува Стефан Симиќ за погребот на ќерката на еден српски актер, која почина на 13-ти март.
Стефан Симиќ од Србија за себе вели дека е уметник и креатор. На Инстаграм тој има повеќе од 26.000 следбеници со кои буквално душата ја соголува, преку зборови.
Овој пат тој трогателно пишува за погребот на ќерката на српскиот актер и политички активист Светислав Буле Гончиќ.
Младата Александра почина на 27 години, поради болест. На нејзиниот погреб присуствуваа и многу српски политичари.
Стефан Симиќ нагласува како ваквите тешки и болни мигови всушност сплотуваат.
Неговата објава гласи:
„Бев на еден погреб.
Последната капела во низата на Новите гробишта.
Не знаев дека во првата капела
ќе биде погребана ќерката на еден наш актер и политички активист.
Кој знае колку луѓе дојдоа.
Се чекаше ред.
И во тие моменти сè се заборави:
политика, кој за кого е, кој каде е.
Имаш ред луѓе кои чекаат да изразат сочувство,
имаш девојка од 27 години која лежи,
и имаш последно збогум.
Не гледаш партија.
Не гледаш позиција.
Не гледаш професија.
Не гледаш ништо.
Само гледаш колку сме сите исти
во едно нешто.
Кога би постоело копче за пауза во животот,
тоа би бил вчерашниот момент, кога сè застанува.
На никого не му беше важно, барем тогаш,
кој што рекол некогаш или кој што ќе каже утре.
Имавме само вечно сега
и поглед во немоќта да се врати млад живот, прерано згаснат.
Заради кого се собраа сите,
и оние што никогаш не можеш да ги видиш на исто место:
и позицијата и опозицијата,
и оние од врвот и оние од дното.
Сите.
Гледаш и не веруваш,
ништо и никој претходно не можеше да ги обедини,
само смртта на едно дете.
Бев разоружан од таа глетка,
каде што исчезнуваат сите поделби и граници,
каде што сите стануваме едно,
без разлика на сè.
Сè стана неважно:
политика, кој за кого е, кој каде е,
кога сите одиме по истиот пат на животот и смртта.
Да можеше починатата Александра да ни се обрати, сигурно ќе ни речеше:
„Застанете малку, луѓе, погледнете во себе.
Што е важно на крајот?
Љубовта, што си направил и што оставаш.
Успеав да ве соберам сите овде.
Што друго да ви кажам, освен дека ве сакам.
И ви благодарам што сте тука.
Сè поминува, некому со дваесет и нешто,
некому подоцна.
Бидете подобри луѓе.
И научете да кажете „благодарам“, „прости“ и „извини“.
Кога, ако не сега?
Ајде да не бидеме луѓе само на крајот,
туку малку почесто.
Сè тогаш ќе биде подобро.
А и ние ќе станеме“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





