Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате?

Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и на уште неколку други морски животни. Иако средбите со нив не мора да бидат фатални, сепак долго ќе ги помните.

opasni-zhivotni-shto-zhiveat-vo-plitkite-vodi-vo-grchkite-morinja-na-shto-treba-da-vnimavate-01.jpg

Си уживате во водите на морето во Грција, кога одеднаш чувствувате силна болка... Што би можело да се крие на морското дно?

На самиот почеток мора да се напомене, дека освен ако не сте алергични на нив, или ако немате сериозни здравствени проблеми, многу е веројатно дека ќе ја преживеете блиската средба со кое било од овие суштества.

Но, очекувајте дека таа средба нема да биде пријатна и ќе се соочите со болка.

Кои се 8-те опасни суштетства со кои најчесто можете да се сретнете на море во Грција и што треба да знаете за нив?

Погледнете во продолжение:

Медитеранска мурена или Смерна

Во септември минатата година во гратчето Нафплио, на Пелопонез во Грција беше фатена риба Смерна која беше долга околу 1,5 метри.

Станува збор за вид јагула која е мошне опасна затоа што има остри заби, а велат дека кога еднаш ќе ве гризне не може да ја отвори вилицата, заради што итно ви е потребна лекарска помош.

Овие риби живеат на длабочина од 0 до 100 метри, во карпести предели каде што најчесто се кријат во текот на денот, а ноќе ловат.

opasni-zhivotni-shto-zhiveat-vo-plitkite-vodi-vo-grchkite-morinja-na-shto-treba-da-vnimavate-02.jpg

opasni-zhivotni-shto-zhiveat-vo-plitkite-vodi-vo-grchkite-morinja-na-shto-treba-da-vnimavate-03.jpg

Скорпиона или Риба Скорпион

Оваа риба е препознатлива по боцките што ги има на грбот и на задниот дел од кои шири отров во моментите кога се чувствува загрозена.

Кога чекорите по морското дно треба да бидете особено внимателни, затоа што по убодот од оваа риба болката постепено почнува да се зголемува, а местото може да ви отече.

Некои од видовите на оваа риба често се употребуваат во грчката кујна и се сметаат за вистински деликатес.

opasni-zhivotni-shto-zhiveat-vo-plitkite-vodi-vo-grchkite-morinja-na-shto-treba-da-vnimavate-08.jpg

Дракона

Познати се по тоа што се закопуваат во песокот, па често може да се случи да имате средба со нив, ако пливате или нуркате во плитки води.

Кога се чувствуваат загрозени овие риби ги исправаат перките што се исполнети со отров кој предизвикува силна болка и печење која веднаш почнува да се шири.

Местото на убодот отекува и може да стои неколку дена.

Други симптоми што може да се јават се покачена температура, повраќање или неконтролирано потење.

Ако забележите нерамномерно срцебиење, грчеви или случајно ако ја загубите свеста, неопходно е веднаш да побарате лекарска помош.

opasni-zhivotni-shto-zhiveat-vo-plitkite-vodi-vo-grchkite-morinja-na-shto-treba-da-vnimavate-07.jpg

Раја

Иако не се многу чести нападите од морски раји, сепак кога влегувате во водите на грчките мориња треба да бидете внимателни и да го почитувате нивниот животен простор.

На врвот на опашката тие имаат остри перки полни со отров.

При напад од морска раја, често се случуваа оваа перка да се скрши и да треба да биде хируршки отстранета, а нејзиниот отров предизвикува главоболки, гадење и создава ризик од инфекција.

opasni-zhivotni-shto-zhiveat-vo-plitkite-vodi-vo-grchkite-morinja-na-shto-treba-da-vnimavate-04.jpg

Виолетова медуза

Во Грција има голем број медузи. Некои од нив нема ни да ги почувствувате ако ве допрат, но ако ве опече виолетова медуза веднаш ќе знаете.

На местото каде што ве опекла веднаш се јавува црвенило, па дури и плускавици на кои ќе им биде потребно подолго време за да се излекуваат.

Ако опекотината е на поголем дел од телото, таа може да предизвика повраќање, слабост, главоболки, па дури и несвестица.

opasni-zhivotni-shto-zhiveat-vo-plitkite-vodi-vo-grchkite-morinja-na-shto-treba-da-vnimavate-05.jpg

Морски ежиња

Најчесто ги има на дивите или изолираните плажи, а ако ги згазнете веднаш ќе знаете што се случило.

Нивните боцки лесно се кршат по што е многу тешко да се остранат, а содржат и отров кој ќе предизвика печење и болка на местото каде што ве боцнале.

opasni-zhivotni-shto-zhiveat-vo-plitkite-vodi-vo-grchkite-morinja-na-shto-treba-da-vnimavate-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Факти за актерот Енгин Акјурек: Важи за најпосакуван турски ерген, „обвинет“ е за разводот на Демет ... Важи за најубавиот маж во светот, но самиот тврди дека не е опседнат со сопствен...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...
Има 2 брака и два сина од нив, не сака ниту да помисли пак да се жени – Факти за водителот Жика Јакш... Авторот и водител на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ Жика Јакшиќ позитивната ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg