„Децата се плашеа од неа, ме тераше да ѝ ги перам гаќите на рака“ – Дадилка откри детали за Мелина Џиновиќ

„Со оглед на тоа што Харис често беше на турнеи, јас мислев дека Мелина има поблизок однос со децата“ - вели дадилката која се грижела за децата на Мелина и Харис Џиновиќ, а морала да извршува и голем број други обврски за газдарицата, па дури и да ѝ ја пере облеката на рака.

decata-se-plashea-od-nea-me-terashe-da-i-gi-peram-gakjite-na-raka-dadilka-otkri-detali-za-melina-djinovikj-01.jpg

Разводот меѓу пејачот Харис Џиновиќ и неговата 30 години помлада сопруга Мелина, веќе неколку месеци наназад е топ-тема во речиси сите српски таблоиди и медиуми.

По 22 години парот стави крај на бракот, а набрзо потоа почнаа и гласините дека таа има нов дечко со кого веќе подолго време имала афера.

Во екот на скандалот за српските медиуми интервју даде и поранешната дадилка на нивните деца, Џина и Кан, која рече дека воопшто не е изненадена од разводот, затоа што иако Харис (73) и Мелина (43) се труделе во јавност да се прикажат како складен пар, но ситуацијата во домот била мошне поинаква.

Таа рече дека децата биле мали кога таа се грижела за нив, но дека отсекогаш биле многу поприврзани за татко им, а дадилката морала да ги штити од Мелина.

„Тие се плашеа од Мелина и во главно морав да ги бранам пред неа, кога ќе направеа беља. Иако, на почетокот ми беше чудно, со оглед на тоа што Харис често беше на турнеи, јас мислев дека таа има поблизок однос со нив“ – изјави дадилката.

decata-se-plashea-od-nea-me-terashe-da-i-gi-peram-gakjite-na-raka-dadilka-otkri-detali-za-melina-djinovikj-07.jpg

Тоа било забележително и кога семејството одело на одмор во Бечиќи во Црна Гора, каде тие вообичаено го поминувале летото.

Наместо да бидат сместени заедно со децата, Харис и Мелина се сместиле во друг дел од хотелот, а Џина и Кан останале со дадилката.

„Постојано бев со нив во собата, ги будев за појадок, ги носев на плажа, излегував со нив навечер, одев со Кан во теретана, морав да водам, сметка каде оди Џина кога излегуваше со другарките.

Со Мелина се сретнуваа само накратко во хотелското лоби“ – раскажува поранешната вработена.

decata-se-plashea-od-nea-me-terashe-da-i-gi-peram-gakjite-na-raka-dadilka-otkri-detali-za-melina-djinovikj-04.jpg

Taa почнала постојано да ја критикува дадилката за облеката и ѝ нудела да одат заедно во шопинг за да ѝ помогне да си купи „пристојна“ облека.

„Таа не сакаше да ја носи својата облека во перална, туку бараше од мене нејзините работи да ги перам на раце, вклучително и гаќите и долната облека и мислам дека во тие мигови почнав да размислувам за отказ.

Ми ѕвонеше за сè и сешто и тогаш сфатив дека нејзе не ѝ треба дадилка, туку личен асистент што ќе ѝ служи кога и да ѝ затреба“ – раскажува дадилката.

decata-se-plashea-od-nea-me-terashe-da-i-gi-peram-gakjite-na-raka-dadilka-otkri-detali-za-melina-djinovikj-03.jpg

Пред да тргнат на патување, Мелина ѝ рекла на дадилката дека телефонот треба постојано да ѝ биде достапен и дека сметката за телефон ќе ѝ ја покрие таа.

„Кога се вративме во Белград, само ми рече: ’Каква врска имам јас со тоа?‘, па речиси една третина од платата ја потрошив на сметката за мобилен. Заради сето ова одлучив да ја прекинам соработката со нив“ – вели дадилката.

Прочитајте и Ѕирнете во гардероберот на Џина и Мелина Џиновиќ – Скапи чанти и обетки вредни 11.000 евра

decata-se-plashea-od-nea-me-terashe-da-i-gi-peram-gakjite-na-raka-dadilka-otkri-detali-za-melina-djinovikj-02.jpg

Таа за крај ја сподели реченицата што еден ден ѝ ја кажала ќерката на Харис и на Мелина, додека еден ден се шегувале за симпатиите во училиште:

„И јас ќе имам ваков договорен брак: ќе се омажам за некој богаташ, а тајно ќе бидам со некој што го сакам!“ – наводно рекла Џина.

decata-se-plashea-od-nea-me-terashe-da-i-gi-peram-gakjite-na-raka-dadilka-otkri-detali-za-melina-djinovikj-06.jpg

За оние што не знаат, Мелина е позната модна дизајнерка која креирала фустани за славни личности како Џенифер Лопез и Ева Лонгорија.

Набрзо откако се дозна за нејзиниот развод со Харис, таа замина да ужива во Монте Карло, заедно со нејзиниот нов дечко за кого велат дека е богат бизнисмен кој е само две години повозрасен од неа.

Децата, останаа да живеат со татко им.

Прочитајте и Од скромна девојка стана дизајнерка на славните – сопругата на Харис Џиновиќ прави креации за Џеј Ло и Лонгорија

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Децата ќе го исмеваат“ - Огњен Амиџиќ и сопругата се мета на критики за името на синот, Мина со хит... Долго размислував за тоа име и кога ѝ предложив на Мина веднаш ѝ се допадна. Сак...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg