Детали за разводот на Харис и Мелина Џиновиќ: Проблемите почнале во новиот дом, спиеле во различни кревети

Се шушка дека Мелина Џиновиќ имала врска со друг маж, а Харис се отселил од луксузната вила што ја изгради за семејството во белградската населба Сењак. Детали за разводот на Харис и Мелина Џиновиќ.

problemite-pochnale-vo-noviot-dom-spiele-vo-razlichni-kreveti-detali-za-razvodot-na-haris-i-melina-djinovikj-01.jpg

Речиси во сите српски медиуми, вчера (25.01) беше објавена веста дека познатиот пејач Харис Џиновиќ (72) се разведува од 30 години помладата сопруга Мелина. Парот одбива да дава изјави за разводот, но српските медиуми пишуваат дека тој веќе се отселил од вилата што ја изградил за семејството во Сењак.

problemite-pochnale-vo-noviot-dom-spiele-vo-razlichni-kreveti-detali-za-razvodot-na-haris-i-melina-djinovikj-02.jpg

Според извори блиски до парот, тие двајца три години ја граделе огромната вила во Сењак, а штом се вселиле во неа, веднаш почнале проблемите.

„Во естрадните кругови веќе една година се шушка дека нешто не е како што треба меѓу нив и дека нивните односи се заладени“ – велат добро упатените извори.

problemite-pochnale-vo-noviot-dom-spiele-vo-razlichni-kreveti-detali-za-razvodot-na-haris-i-melina-djinovikj-03.jpg

Наводно, сѐ почнало да се распаѓа кога се вселиле во новиот дом, а Мелина се вратила во станот каде што живееле претходно, па дури имало и гласини дека е во љубовна врска со друг маж.

Харис и Мелина се обиделе да покажат дека сѐ уште се вљубени еден во друг, па организирале огромна прослава, но набрзо потоа одлучиле да си заминат и сега ја започнале постапката за развод.

problemite-pochnale-vo-noviot-dom-spiele-vo-razlichni-kreveti-detali-za-razvodot-na-haris-i-melina-djinovikj-04.jpg

Инаку, и нивната ќерка Џина, која е мошне активна на социјалните мрежи, во една пригода откри дека нејзините родители спијат во одвоени кревети и во различни соби.

Поради ова наиде на осуда кај голем број корисници на Твитер, кои ѝ нагласија дека не е во ред тоа што изнесува премногу детали од приватниот живот на нејзините родители.

problemite-pochnale-vo-noviot-dom-spiele-vo-razlichni-kreveti-detali-za-razvodot-na-haris-i-melina-djinovikj-06.jpg

Инаку, за потсетување, Харис и Мелина се запознале во 2002-ра, кога таа имала само 22 години, а тој 52.

Тие двајца направија луксузна свадба на јахта во близина на Дубровник во 2014-та година, а од бракот заедно ги добија ќерката Џина и синот Кан.

problemite-pochnale-vo-noviot-dom-spiele-vo-razlichni-kreveti-detali-za-razvodot-na-haris-i-melina-djinovikj-05.jpg

Мелина е светски позната дизајнерка, а нејзини креации носеле и голем број светски познати ѕвезди како Џеј Ло и Ева Лонгорија.

 За љубовната приказна на Мелина и Харис Џиновиќ прочитајте ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Децата се плашеа од неа, ме тераше да ѝ ги перам гаќите на рака“ – Дадилка откри детали за Мелина Џ... „Со оглед на тоа што Харис често беше на турнеи, јас мислев дека Мелина има побл...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
„Не сакам да знам што прави ќерка ми на социјалните мрежи“ – Прва изјава на Харис Џиновиќ по вестите... „Не ми пречи тоа што Џина е убава, јас не се мешам и не ја советувам“ – изјави Х...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg