Ѕирнете во гардероберот на Џина и Мелина Џиновиќ – Скапи чанти и обетки вредни 11.000 евра

Облека, накит и чанти кои чинат неколку стотици илјада евра... Ова може да се види од видеата што ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ го објави на социјалните мрежи.

dzirnete-vo-garderoberot-na-djina-i-melina-djinovikj-skapi-chanti-i-obetki-vredni-11-000-evra-01.jpg

Низ балканските медиуми деновиве брзо се прошири веста дека пејачот Харис Џиновиќ се разведува од сопругата Мелина, а според некои тврдења, модната креаторка ја напуштила семејната вила, а децата Џина и Кан останале да живеат со татко им.

Ќерката Џина неодамна сподели едно видео во кое им даде можност на нејзините обожаватели да ѕирнат во нејзиниот гардеробер во вилата вредна 2 милиони евра.

dzirnete-vo-garderoberot-na-djina-i-melina-djinovikj-skapi-chanti-i-obetki-vredni-11-000-evra-02.jpg

На сите им е познато дека Харис и Мелина не штедат кога станува збор за облеката и изборот на модни парчиња што ги купуваат и за себе и за своите деца, а како што може да се види, гардероберот на двете дами во семејството вреди вистинско богатство.

dzirnete-vo-garderoberot-na-djina-i-melina-djinovikj-skapi-chanti-i-obetki-vredni-11-000-evra-03.jpg

Меѓу чантите преовладуваат популарните Birkin на францускиот бренд Hermès, чијшто производи чинат вистинско богатство, а се омилени меѓу некои од познатите светски личности како Џеј Ло и Џорџина Родригез.

Освен тоа, има модели и на Prada, а Џина во една пригода се пофали со чантата на Chanel која чини неколку илјади евра.

dzirnete-vo-garderoberot-na-djina-i-melina-djinovikj-skapi-chanti-i-obetki-vredni-11-000-evra-05.jpg

Во една пригода Џина ги покажа обетките на Van Cleef & Arpels кои чинат околу 11.000 евра. Станува збор за златни обетки кои се инспирирани од листовите на детелина.

dzirnete-vo-garderoberot-na-djina-i-melina-djinovikj-skapi-chanti-i-obetki-vredni-11-000-evra-04.jpg

Претходно, и мајка ѝ на Џина даде изјава во која потврди дека воопшто не штеди кога станува збор за облека, накит и чанти.

„Јас сум болен вљубеник и колекционер на чанти. Треба да се контролирам себеси, но добро е што не купувам работи што се во тренд, туку извлекувам работи од пред 10 години што може да се носат.

Тоа се класични работи што секогаш можам да ги искористам“ – изјави Мелина.

dzirnete-vo-garderoberot-na-djina-i-melina-djinovikj-skapi-chanti-i-obetki-vredni-11-000-evra-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Децата се плашеа од неа, ме тераше да ѝ ги перам гаќите на рака“ – Дадилка откри детали за Мелина Џ... „Со оглед на тоа што Харис често беше на турнеи, јас мислев дека Мелина има побл...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
„Не сакам да знам што прави ќерка ми на социјалните мрежи“ – Прва изјава на Харис Џиновиќ по вестите... „Не ми пречи тоа што Џина е убава, јас не се мешам и не ја советувам“ – изјави Х...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg