Џеј Ло „несредена“ оди во продавница, но со најскапата чанта на светот - од крокодилска кожа (фото)
- Детали
- петок, 24 декември 2021
Се очекува Џеј Ло годинава да го помине првиот заеднички Божиќ заедно со нејзиното момче Бен Афлек, откако решија повторно да ја обноват врската по 17 години пауза.
Сепак, последните папараци фотографии покажуваат дека и Џеј Ло има денови кога приоритет не ѝ е средената фризура и шминката.
Таа беше уловена од фотографи додека брзаше низ Лос Анџелес во отворениот шопинг-центар Westfeld да купи подароци за Божиќ.
Џеј Ло со бел чадор и бела „монтка“ со сиви тренерки и спортски патики по дождот тргна во потрага по подароци со кои ќе ги израдува најблиските.
Забележително е дека со неа ја носеше чантата Himalaya Birkin што се продава по цена од 200.000 долари, а на аукција достигна цена од 379.261 долари.
Чантата е изработена од кожа од крокодили од Нил и има над 240 дијаманти на златните додатоци.
Претходниот ден Џеј Ло објави фотографија на Инстаграм на која ја носеше истата бела „монтка“, но на која блескаше дотерана и со шминка.
Забележително е што во рацете држеше филџан со буквата Б, што многумина го протолкуваа дека тоа е нејзин суптилен начин да му даде поддршка на Бен Афлек по критиките откако тој изјави дека ако останел во брак со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер најверојатно сè уште ќе имал проблеми со алкохолот.
Б. С. Б. | Црнобело