„Таа го враќаше кога правеше ужасни нешта, одвратно е“ – Бен Афлек го осудија и најблиските на Џенифер Гарнер

И пријателите на Џенифер Гарнер ги осудија изјавите на Бен Афлек, нарекувајќи ги одвратни, а сега актерот проба да се оправда во шоуто на Џими Кимел, нагласувајќи дека неговите зборови се извадени од контекст, како и дека никогаш не би кажал нешто лошо за мајката на неговите деца.

taa-go-vrakjashe-koga-praveshe-uzhasni-neshta-odvratno-e-ben-aflek-go-osudija-i-najbliskite-na-djenifer-garner-01.jpg

Деновиве главна тема во шоу-бизнисот е контроверзното интервју на Бен Афлек со Хауард Стерн, каде што актерот суптилно ја обвини поранешната сопруга Џенифер Гарнер за неговите проблеми со алкохолизмот.

Претходно, извори за Page Six открија дека не само јавноста, туку и Џеј Ло била гневна на коментарите на актерот, а сега се огласија и неколку пријатели на Џенифер Гарнер.

spodeluvaa-izjavi-bez-kontekst-me-napravija-najloshata-lichnost-ben-aflek-se-pravda-prijatelite-na-dzhenifer-garner-zgrozeni-od-negovite-izjavi-06.jpg

Повторно за Page Six, извор што е близок и со Афлек и со Гарнер, ги оцени изјавите на актерот како „одвратни“.

„Ова е одвратно. Џенифер остана покрај него бидејќи го сака. Таа е мајката на неговите деца. Џен беше единствената што одново и одново го враќаше на нозе кога тој правеше ужасни нешта. Џен беше покрај него бидејќи го сакаше“.

Друг пријател на познатата актерка вели дека бил целосно разочаран од Афлек бидејќи ја префрлил вината на Гарнер:

„Сите кои се справувале со зависност знаат колку лажни можат да бидат таквите изјави, особено Бен. Едно од првите нешта што ги учат луѓето кои се обидуваат да се ослободат од алкохолизмот е тоа да не ја префрлаат вината на другите“.

ѝspodeluvaa-izjavi-bez-kontekst-me-napravija-najloshata-lichnost-ben-aflek-se-pravda-prijatelite-na-dzhenifer-garner-zgrozeni-od-negovite-izjavi-03.jpg

Пријателите на актерката велат дека таа била личноста што го приземјувала и враќала на нозе, дури и откако се разделиле и тој имал други девојки.

Тие истакнуваат дека за разлика од него, Гарнер немала кажано ниту еден лош збор за Бен, ни пред нив ни пред камера, без разлика што го видела во најлошите можни изданија.

За потсетување, во интервјуто со Хауард Стерн, Афлек изјави дека се чувствувал заробено во бракот со Гарнер и дека сигурно би продолжил да пие ако останел со неа.

Тој изјави и дека една од причините што почнал да пие е тоа што се чувствувал заробено, како и дека останал со неа само поради нивните деца.

spodeluvaa-izjavi-bez-kontekst-me-napravija-najloshata-lichnost-ben-aflek-se-pravda-prijatelite-na-dzhenifer-garner-zgrozeni-od-negovite-izjavi-04.jpg

По лавината негативни коментари од јавноста, актерот прозборе за целата ситуација во интервју со Џими Кимел.

Тој вели дека неговите зборови биле извадени од контекст и потенцира дека во интервјуто со Стерн всушност ја пофалил Гарнер дека е одлична мајка. Актерот вели и дека бил повреден од целата ситуација.

За Page Six, извор близок до актерот вели дека изјавите навистина биле извадени надвор од контекст, но и дека тој не требало да разговара со Хауард Стерн како да му е психијатар.

Актерот, пак, вели дека само сакал да биде искрен и не ни помислувал дека ситуацијата ќе ескалира.

„Со Хауард зборувавме за моето семејство, за алкохолизмот, реалните проблеми, како соработував со поранешната сопруга, како сум горд на нашите деца.

Бев возбуден. Си помислив дека треба да бидам поискрен. И потоа почнав да ги гледам сите критики на Твитер. Си помислив што е сето ова“.

spodeluvaa-izjavi-bez-kontekst-me-napravija-najloshata-lichnost-ben-aflek-se-pravda-prijatelite-na-dzhenifer-garner-zgrozeni-od-negovite-izjavi-02.jpg

Во голема мера, актерот ги обвинува медиумите во САД за кои вели дека му ги извртеле зборовите.

„Буквално го искористиле 2-часовниот разговор и направиле да изгледа како да го кажувам спротивното од она што го кажувам. 

Продолжив да зборувам и после тоа, кажав колку многу се почитувавме, колку се грижевме еден за друг и за нашите деца, како децата ни беа приоритет.

Тоа што сите велат дека сум ја обвинил поранешната сопруга за алкохолизмот, дека сум бил заробен во бракот, ме направи најлошата, најнечувствителната, најглупавата, најужасната личност. Ова ме повреди“.

spodeluvaa-izjavi-bez-kontekst-me-napravija-najloshata-lichnost-ben-aflek-se-pravda-prijatelite-na-dzhenifer-garner-zgrozeni-od-negovite-izjavi-05.jpg

На крај, актерот вели дека му е јасно дека ќе има вакви ситуации бидејќи е јавна личност, но смета дека мора да постави граница поради неговите деца.

„Гледај, знам дека луѓето го прават ова. Го сфаќам. Не ми е проблем да бидам тажниот Бетмен или некое меме.

Но, ова е и за моите деца, па морам да поставам граница. Не сакам никогаш моите деца да помислат дека ќе кажам лош збор за нивната мајка бидејќи тоа е разочарувачко“.

Прочитајте повеќе: Бен Афлек за бившата, заради која раскина со Џеј Ло: „Ќе продолжев да пијам ако останев во брак со Џенифер Гарнер“

Интервјуто со Џими Кимел:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg