„Изгледа уште имаш проблем со пиењето“ – Бен Афлек ги разлути твитерџиите, но и Џеј Ло со еден потег

Бен Афлек ја понижи поранешната сопруга Џенифер Гарнер обвинувајќи ја за неговите проблеми со алкохолизмот, а според некои извори, Џеј Ло била гневна поради неговите изјави.

izgleda-ushte-imash-problem-so-pienjeto-ben-aflek-gi-razluti-tviterdjiite-no-i-djej-lo-so-eden-poteg-01.jpg

Додека гостуваше во шоуто на Хауард Стерн, Бен Афлек прозборе за борбата со алкохолизмот и бракот со Џенифер Гарнер, а од целото интервју најмногу внимание привлекоа неговите изјави за бившата сопруга.

Актерот изјави дека ако останел во брак со Гарнер, веројатно уште би пиел, како и дека тие се обидувале да ја спасат врската само поради нивните деца.

Многумина ги оценија изјавите на Афлек како непристојни и навредливи за Гарнер, а се чини дека и неговата сегашна девојка, Џенифер Лопез, го дели истото мислење.

Прочитајте повеќе: Бен Афлек за бившата, заради која раскина со Џеј Ло: „Ќе продолжев да пијам ако останев во брак со Џенифер Гарнер“

gnevna-e-ne-saka-da-bide-vmeshana-reakcijata-na-dzhej-lo-za-izjavite-na-ben-aflek-za-poraneshnata-sopruga-dzhenifer-garner-02.jpg

Актерот беше остро критикуван за понижувањето на поранешната сопруга:

„Кога не можеш да прифатиш дека главниот виновник за проблемот со пиењето си ти, тогаш уште имаш проблем со пиењето. Џенифер Гарнер не го носеше Бен Афлек да пие, но го однесе на рехабилитација и со тоа веројатно му го спаси животот“, вели твитерџија кој истакнува дека Гарнер навистина го однесе Афлек на рехабилитација.

„Тврдењата на Бен Афлек дека Џенифер Гарнер е одговорна за неговите проблеми со алкохолот ми кажуваат сè што треба да знам за него. Џеј Ло, навистина си фатила добро момче“, гласи еден до многуте коментари.

gnevna-e-ne-saka-da-bide-vmeshana-reakcijata-na-dzhej-lo-za-izjavite-na-ben-aflek-za-poraneshnata-sopruga-dzhenifer-garner-06.jpg

Според извор на Page Six, и Џеј Ло не е воодушевена од изјавите на актерот.

„Џенифер е гневна. Сега и таа е вмешана во сето ова бидејќи е во врска со него. А, не сака да биде вмешана во оваа ситуација“.

Наводно, Џеј Ло се обидува да се зближи со децата на Афлек од бракот со Гарнер и има добро мислење за актерката.

„Таа се има запознато со Џенифер Гарнер. Се обидува подобро да ја запознае и неа и нивните деца. Изјавите на Бен беа несовесни“, тврди изворот.

gnevna-e-ne-saka-da-bide-vmeshana-reakcijata-na-dzhej-lo-za-izjavite-na-ben-aflek-za-poraneshnata-sopruga-dzhenifer-garner-04.jpg

Доказ дека Џеј Ло сака да биде во добар однос со бившата на Бен Афлек е фактот дека сите тројца, заедно со нивните деца, поминаа дел од Ноќта на вештерките заедно.

Сепак, друг извор вели дека Џеј Ло не е навредена, туку само загрижена за децата. А, според најновите папарацо фотки на парот, изгледа Џеј Ло не му замерила многу на Бен.

Кратко по интервјуто со Хауард Стерн, Џеј Ло и Бен беа забележани во Холивуд, а и двајцата изгледаа како да се одлично расположени. Како и обично, тие се држеа за рака, а Џеј Ло речиси постојано имаше насмевка на лицето.

gnevna-e-ne-saka-da-bide-vmeshana-reakcijata-na-dzhej-lo-za-izjavite-na-ben-aflek-za-poraneshnata-sopruga-dzhenifer-garner-03.jpg

Бен Афлек и Џенифер Лопез беа верени пред речиси две децении, а кога се разделија, актерот веднаш ја почна врската со Џенифер Гарнер. Тие беа во брак од 2005 до 2018 година, а во новото интервју актерот откри дека среде разводот размислувал дали воопшто сака да се смири со Џеј Ло.

gnevna-e-ne-saka-da-bide-vmeshana-reakcijata-na-dzhej-lo-za-izjavite-na-ben-aflek-za-poraneshnata-sopruga-dzhenifer-garner-07.jpg

gnevna-e-ne-saka-da-bide-vmeshana-reakcijata-na-dzhej-lo-za-izjavite-na-ben-aflek-za-poraneshnata-sopruga-dzhenifer-garner-08.jpg

Џеј Ло и Бен ја почнаа врската во април годинава, но актерот дефинитивно мислел на неа многу порано.

Една од бившите на Афлек, Кејти Чери, со која се гледаше во 2019 година, тврди дека актерот пред неа коментирал дека задникот на Џеј Ло бил феноменален.

gnevna-e-ne-saka-da-bide-vmeshana-reakcijata-na-dzhej-lo-za-izjavite-na-ben-aflek-za-poraneshnata-sopruga-dzhenifer-garner-05.jpg

Веројатно тврдењата се точни, бидејќи Афлек неколкупати ја има фалено Џеј Ло за изгледот во јавност пред да се смират.

Прочитајте повеќе: Се вљубил во Џенифер Гарнер додека бил со Џеј Ло: Детали како Бен Афлек раскина со Џеј Ло и се ожени со Гарнер

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg