Бен Афлек за бившата, заради која раскина со Џеј Ло: „Ќе продолжев да пијам ако останев во брак со Џенифер Гарнер“

Бен Афлек вели дека се чувствувал заробен во бракот со Џенифер Гарнер и дека најверојатно ќе продолжел да пие доколку останел во брак со неа. Изјавата ја даде само неколку дена откако беше фотографиран како се расправа со поранешната сопруга на улица во Лос Анџелес.

ben-zaradi-nea-raskina-so-djej-lo-a-sega-tvrdi-kje-prodolzhev-da-pijam-ako-ostanev-vo-brak-so-djenifer-garner-01.jpg

Бен Афлек (49) гостуваше во шоуто на Хауард Стерн каде говореше за борбата со алкохолизмот, но и за неговиот брак со Џенифер Гарнер.

„Најверојатно ќе се задавевме. Најверојатно ќе продолжев да пијам. Делумно почнав да пијам затоа што се чувствував заробено. Се чувствував дека не можам да си заминам заради децата, но не бев среќен и што правев? Пиев секоја вечер по шише скоч за да заспијам на каучот и тоа не беше вистинското решение“ – вели тој.

ben-zaradi-nea-raskina-so-djej-lo-a-sega-tvrdi-kje-prodolzhev-da-pijam-ako-ostanev-vo-brak-so-djenifer-garner-06.jpg

Бен додава дека тој и Гарнер се обиделе да го спасат бракот заради децата Вајолет (16), Серафина (12) и Семјуел (9) и дека таблоидите не ја пренеле вистината за распаѓањето на нивниот брак.

ben-zaradi-nea-raskina-so-djej-lo-a-sega-tvrdi-kje-prodolzhev-da-pijam-ako-ostanev-vo-brak-so-djenifer-garner-02.jpg

Во дел од таблоидите, покрај вестите за неговите пороци, имаше гласини дека главната причина за развод била таа што актерот ја изневерил сопругата со дадилката на децата.

„Сè што прочитавте во весниците за нашиот развод беше сра*е. Вистината е дека си дадовме време, донесовме одлука… И се разделивме. Нашиот брак не функционираше.

Тоа се случува. Јас неа ја сакам и ја почитувам, но сметам дека не би требало да бидам во брак со неа“ – вели Афлек.

Инаку, Бен и Џенифер неодамна беа забележани како јавно се расправаат на улица во Лос Анџелес. Се знае дека тие се во пријателски односи и двајцата подеднакво се вклучени во одгледувањето на нивните деца. 

Дополнително, Џенифер беше таа што го однесе Бен на рехабилитација за да му помогне да се справи со пороците и му беше поддршка иако не беа заедно. Дел од медиумите пишуваат дека со ова интервју, тој сурово ја понижил сопствената сопруга, а со тоа и нивните деца.

ben-zaradi-nea-raskina-so-djej-lo-a-sega-tvrdi-kje-prodolzhev-da-pijam-ako-ostanev-vo-brak-so-djenifer-garner-08.jpgЏенифер Гарнер го носи Бен Афлек на рехабилитација

Прочитајте и Бен Афлек гневно се расправа со бившата Џенифер Гарнер, додека со Џеј Ло е како потполно друга личност (фото)

ben-zaradi-nea-raskina-so-djej-lo-a-sega-tvrdi-kje-prodolzhev-da-pijam-ako-ostanev-vo-brak-so-djenifer-garner-03.jpg

Актерот кој по разводот во 2018-та година беше на рехабилитација, во разговорот кај Хауард Стерн откри дека јавниот развод со Гарнер на миг го натерал да размисли дали воопшто сака да се смири со поранешната свршеница Џенифер Лопез, со која ја обнови врската во април годинава.

ben-zaradi-nea-raskina-so-djej-lo-a-sega-tvrdi-kje-prodolzhev-da-pijam-ako-ostanev-vo-brak-so-djenifer-garner-04.jpg

„Секако, бев загрижен… Одговорноста за моите деца е најголемата одговорност што ја имам, па затоа нема да направам ништо што е болно или деструктивно за нив. Знам дека мојот живот влијае и врз нив“ – вели Бен.

Инаку, за потсетување, Бен Афлек и Џенифер Гарнер се запознаа на снимањето на филмот Pearl Harbor во 2000-та година. Но, се вљубиле еден во друг додека работеа на нивниот следен заеднички проект, филмот Dradevil.

ben-zaradi-nea-raskina-so-djej-lo-a-sega-tvrdi-kje-prodolzhev-da-pijam-ako-ostanev-vo-brak-so-djenifer-garner-05.jpg

Тие ја почнаа врската откако Бен ја раскина свршувачката со Џеј Ло, а Џенифер Гарнер се разведе со тогашниот сопруг Скот Фоли, а во 2005-та година стапија во брак.

Прочитајте и Се вљубил во Џенифер Гарнер додека бил со Џеј Ло: Детали како Бен Афлек раскина со Џеј Ло и се ожени со Гарнер

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Бен Афлек ја изневерувал, ја демнел маж со психички проблеми – Тажни детали од животот на Џенифер Га... Во период од неколку години, маж ја демнел Џенифер Гарнер, и покрај тоа што доби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg