5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“

„Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував искреност од страна на мажите, па сфатив дека не вреди да си го трошам времето“, вели Шерон Стоун.

5-slavni-zheni-koi-tvrdat-deka-se-posrekjni-koga-se-singl-ne-mi-treba-mazh-koj-kje-se-odnesuva-kako-dete-01.jpg

Некои од нив биле во брак, други во долги и сериозни врски. И покрај тоа, овие славни дами тврдат дека се многу посреќни кога немаат маж покрај себе и затоа избираат да не се во љубовна врска.

Кои светски ѕвезди ги рушат стереотипите и уживаат во својот сингл живот (и кои се нивните причини поради тоа)?

Дајен Китон

Актерката Дајен Китон (78) повеќе од 35 години е сингл. Запрашана зошто, таа во едно интервју рече дека не ѝ недостига машко друштво, бидејќи има многу пријатели од спротивниот пол, а нивното внимание ѝ е доволно, па не ѝ треба партнер.

Китон никогаш не била во брак, но често знаела да каже дека бракот и врските не треба да ги дефинираат луѓето.

„Се сеќавам дека во младоста бев искрено убедена дека ќе најдам некој со кого ќе останам до крајот на животот.

Но, тоа што не се омажив не го прави мојот живот помалку вреден или помалку исполнет. Митот за ‘старите моми’ е висинска глупост“, вели таа.

5-slavni-zheni-koi-tvrdat-deka-se-posrekjni-koga-se-singl-ne-mi-treba-mazh-koj-kje-se-odnesuva-kako-dete-04.jpg

Линда Еванџелиста

Една од најголемите светски топ модели, неодамна изјави дека свесно избира да биде сингл.

„Веќе не сакам да спијам во ист кревет со некој маж и да го слушам како дише покрај мене“, кажа таа.

5-slavni-zheni-koi-tvrdat-deka-se-posrekjni-koga-se-singl-ne-mi-treba-mazh-koj-kje-se-odnesuva-kako-dete-02.jpg

Шарлиз Терон

Актерката повеќе од пет години не е во врска. Вели, причината за тоа се другите приоритети што ги има во животот, а пред сè нејзините деца.

Терон вели дека не е противник на бракот и дека кога пријателите ќе ѝ „наместат“ некој, знае да излезе на состанок, но дека не сака да е врска.

„Не сум осамена, па не жалам за ништо“, вели Шарлиз.

5-slavni-zheni-koi-tvrdat-deka-se-posrekjni-koga-se-singl-ne-mi-treba-mazh-koj-kje-se-odnesuva-kako-dete-06.jpg

Џенифер Анистон

По два пропаднати брака, со Бред Пит и Џастин Теро, Анистон тврди дека не ѝ треба маж за да биде среќна.

„Жената не треба да биде во брак или да е мајка за да се чувствува комплетна. Самите треба да си одредиме што ќе нè направи среќни, а ако тоа да не е некој маж, да уживаме во животот без него“, вели Анистон.

5-slavni-zheni-koi-tvrdat-deka-se-posrekjni-koga-se-singl-ne-mi-treba-mazh-koj-kje-se-odnesuva-kako-dete-05.jpg

Шерон Стоун

Светската ѕвезда на 66 години веќе не е заинтересирана за љубов и врска. Таа вели дека откако престанала да бара љубов и да сонува за нешто нереално, животот ѝ станал полесен и помирен.

Стоун вели дека има многу мажи пријатели, а тие ѝ се уште еден доказ дека мажите и жените се сосема различни во однос на нивните очекувања и желби кога се врските и бракот во прашање, но дека се разликуваат и според зрелоста.

„Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував искреност од страна на мажите, па сфатив дека не вреди да си го трошам времето.

Преферирам да го поминувам времето со децата, со пријателите или сама. Не ми треба маж кој ќе биде уште едно дете во мојот живот“, рекла Стоун.

5-slavni-zheni-koi-tvrdat-deka-se-posrekjni-koga-se-singl-ne-mi-treba-mazh-koj-kje-se-odnesuva-kako-dete-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg