-->
Кога се запознале Бен Афлек и Џенифер Гарнер, таа била мажена, а тој во врска со Џеј Ло... Таа се разведе, тој раскина свршувачка, беа највљубениот пар во Холивуд, ја изневери со дадилката. Сите детали за нивниот однос...
Бен Афлек и Џеј Ло периодов се на одмор во Сен Тропе, а на фотографиите оттаму постојано разменуваат нежности. И додека на некои им изгледаат навистина вљубено, други мислат дека нивната врска е шоу за медиумите.
-->
Интересно е што парот се смири 19 години по раскинатата свршувачка.
Како се одвиваа настанатите во тој период? Имаше ли љубовен триаголник? Како Бен Афлекс брзо по раскинатата свршувачка стапи во брак со Џенифер Гарнер, со која сега има 3 деца?
Факти за Бен Афлек и Џенифер Гарнер:
Бен и Гарнер се запознале на снимањето на филмот Pearl Harbor во 2000 година.
-->
-->
Бен Афлек и Џенифер Гарнер две години подоцна повторно се сретнале на снимањето на филмот Daredevil, каде улогите им беа дека се вљубени еден во друг, но во реалноста биле само пријатели.
-->
Кратко по снимањето на Daredevil, Бен се сврши со својата тогашна девојка Џеј Ло и парот изгледаше навистина среќно.
Сепак, почнаа да кружат гласини дека има нешто помеѓу Бен и Гарнер затоа што во шоуто Dinner for Five, каде гостуваа заедно, Гарнер изгледала навистина вљубено во Бен.
Неколку месеци по чудната сцена од шоуто Dinner for Five, Гарнер објави дека се разведува со сопругот Скот Фоли, но и двајцата изјавија дека нема вмешаност на трета личност во одлуката за разделба.
Во 2003 Бен и Гарнер минувале многу време заедно промовирајќи го Daredevil, а фановите уште во тој период ја забележувале хемијата меѓу нив.
Продолжува на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира: