Цеца го прослави Св. Никола: Анастасија дојде без сопругот, Вељко крши погача со српски владика (видео)
- Детали
- петок, 20 декември 2024
„Добре ни дојдовте на славата. Да славиме уште 100, па... уште 100“ - вели Цеца во едно од видеата од славата, додека наздравува со своите гости.
Свети Никола е една од најголемите слави кај нас, но и во Србија, а меѓу оние што ја слават е и фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.
Секоја година во нејзината куќа на Дедиње се собира семејството, на богата трпеза, дружење и музика.
На славата ѝ доаѓаат и многу гости, па ни годинава не беше исклучок.
Меѓу оние кои дојдоа да ја испочитуваат Цеца и да прослават со неа, беше српскиот министер Ивица Дачиќ, но и водителот Жика Јакшиќ.
Меѓу првите гости, беше српскиот владика Стефан, кој заедно со синот на Цеца, Вељко, ја кршеше славската погача.
Анастасија, ќерката на Цеца, дојде директно од Шпанија, но без сопругот Немања Гудељ.
Според српските медиуми, автомобил ја оставил пред куќата и таа веднаш влегла внатре, а причината за ова е да скрие дека наводно е бремена.
На Инстаграм се појавија и неколку видеа од славата - пеењето на владиката и кршењето на погачата, како Вељко ја пали славската свеќа, но и Цеца која наздравува со бело вино со гостите.
„Добро ни дојдовте на славата. Да славиме уште 100, па... уште 100“ - вели Цеца.
За славата таа избра црн фустан со сребрени светки и исто такво палто, а косата ѝ е собрана во пунџа.
Кликнете за да ги видите видеата од славата на Цеца:
А. Ј. | Црнобело