Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Романа Паниќ?
- Детали
- среда, 24 април 2024
Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исчезна од јавноста и се дозна дека е уапсена во Австралија заради кражба од банкомати. Нејзиниот живот е одбележан со скандали во име на љубовта – Се сеќвате ли на Романа Паниќ?
Кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите години Романа Паниќ беше една од најпрепознатливите пејачки на балканските простори.
Жељко Јоксимовиќ беше продуцент на нејзиниот прв албум, а имаше и гласини дека се во врска.
Во последните 15-тина години многу повеќе беше застапена со скандалите и љубовните врски, отколку со музиката, иако дел од нејзините најголеми хитови се препознатливи и денес.
Што знаеме за популарната пејачка и каде е таа денес?
Романа е родена во 1975-та година во Бања Лука, а со музика почнала да се занимава уште од мала, кога пеела во училишниот и во градскиот хор, а била и соло пејачка во културно уметничките друштва.
На 15 години на Романа ѝ бил дијагностициран дијабетес тип 1. Таа вели дека прв симптом бил тоа што јадела многу, а слабеела. По дијагнозата таа започнала со режимска исхрана, но долго време ја криела својата болест од јавноста.
Во 1993-та година почнала да настапува по клубови, во 1994-та година почнала да работи како водителка, спикерка и тон-мајстор во радио.
Животот ѝ се променил во 1999-та година, кога се преселила во Белград, каде што го снимила својот прв албум, чијшто продуцент бил Жељко Јоксимовиќ.
Во овој период Романа била во врска со Саша Радојчиќ, со кого биле 10 години заедно и тој дошол заедно со неа од Бања Лука во Белград, но потоа раскинале.
По раскинувањето со него, таа ја започнала врската со кипарскиот адвокат Фотос Питаѓис.
Со него во првите 8 месеци сè било совршено, но потоа се дознало дека тој добил дете со водителката Јована Симиќ, а и двете ги изневерувал со други жени.
Романа во една пригода раскажа дека отишла во Атина и само што стигнала, ѝ заѕвонил Фoтос, кој ѝ рекол дека треба на сите да им каже дека раскинале, заради некои проблеми со сметките и истрага од Интерпол.
Потоа пак се смириле, но врската траела сè до 2010-та година.