Факти за Жељко Јоксимовиќ - гласини дека бил во врска со Цеца, сопругата му приреди гламурозна забава за 50-тиот роденден
Леонтина неодамна имаше интервју за српските медиуми во кое истакна дека тие двајца имале бурна расправија по која не разговарале осум години, но не сакаше да каже дали шпекулациите за наводна врска се точни.
„Бев на врвот на кариерата и заради тоа медиумите ме поврзуваа со голем број мажи, па и со него. Врската меѓу нас никогаш не беше потврдена, тоа беа само медиумски претпоставки, ние бевме навистина добри пријатели и соработници“ – вели таа.
https://www.facebook.com/leontinaofficial/photos/a.765656183492486/765656220159149
Пред да се запознае со Јована, Жељко бил во врска со уште една ТВ водителка. Жељко и Адријана Чортан биле заедно до 2008-ма година, а денес таа е во брак со успешен српски бизнисмен кој ја запросил на бината за време на концерт на Џибони.
Низ годините имаше трачеви дека е во врска и со Цеца Ражнатовиќ и со Романа Паниќ, но тоа никогаш не беше потврдено. Цеца во една прилика рече дека со Жељко се знаат од деца, кога заедно учествувале на натпреварувањата за пејачи-аматери.
Неодамна ќерката на Цеца, Анастасија во гостувањето кај Огнен Амиџиќ рече дека како мала ја терала мајка ѝ да биде во врска со Жељко.
Во 2008-ма година Жељко ја започна врската со денешната сопруга Јована. Се вериле во 2011-та година, а по неколку дена раскинале. Во медиумите имало шпекулации дека Јована го изневерила со кошаркарот Саша Ѓорѓевиќ.
Откако се смириле, во јануари 2012-та година имаа бајковидна свадба на Малдивите, а во 2014-та година се венчаа и во црква. Заедно имаат три деца, синот Коста (8) и близначките Ана и Срна (4).
Прочитајте и Факти за Јована Јоксимовиќ (40) - раскина свршувачка за Жељко Јоксимовиќ, па доживеа бајковита свадба со него на Малдиви
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Сара Јо се моли за Панчо ДНК: „А, ти, добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, така како што ...
„Не постои миг, а да не мислиме на тебе. Со целото срце и душа сме со тебе“, му ...

Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр...
„Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...

Татко ѝ се самоубил, доби дете со хрватски актер – Факти за актерката Јована Стојилковиќ
Сите ѝ велеле да го следи славниот дечко кој станал кошаркар во НБА и да си зами...

Љубовната приказна на Цеца и Аркан - Првпат го видела на фотографија во Playboy, го убија во нејзина...
„Кажав дека ќе се мажам за Жељко, а мајка ми рече: ‘За Шашиќ? Одлично, тој е пре...

Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ?
„Да бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку шт...

Јована Пајиќ, која ја поврзуваа со Марија Шерифовиќ: „Не сум спремна за нова љубов, ги одбивам мажит...
„Моите другарки ми најдоа стан за да се преселам. Искрено, имам дупка во ме...