Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ?
- Детали
- петок, 12 јули 2024
„Да, бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку што е потребно, тоа е наша интима и приватност и сакаме така да остане“ - рече српската пејачка Јована Пајиќ, за односот со Марија Шерифовиќ. Која е жената за која со години наназад има гласини дека е во емотивна врска со српската пејачка?
Српската пејачка Јована Пајиќ деновиве постојано е застапена во српските таблоиди и медиуми, а тоа што таа заедно со Марија Шерифовиќ беше на одмор во Црна Гора, само дополнително ги подгреа гласините дека се во романтична врска.
Тие две заедно беа на настанот со кој Јована по подолга пауза пак се врати на сцената, па неминовно, новинарите повторно им го поставија прашањето дали се во врска и зошто биле заедно на одмор:
„Да, бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку што е потребно, тоа е наша интима и приватност и сакаме така да остане.
Тоа е нашето дружење, јас не би сакала да зборувам за тоа, иако често ме прашуваат за тоа. Тоа треба да остане за нас“ – вели Јована.
Инаку, токму Јована беше една од ретките и блиски личности на Марија што знаеше за нејзиниот пат до мајчинство и за зачнувањето на синот Марио со помош на сурогат мајка.
Исто така, Јована ја придружуваше Марија на едно од патувањата во САД.
Во изјава за српските медиуми, Јована вели:
„Марио е пресладок, сакам да поминувам време со него. Имам искуство со моите деца, па можам да ѝ помогнам. Често знам да кажам: ’Заедно сме во ова сра*е‘“.
Инаку, Марија на настанот дојде директно од патувањето со синот. Во фармерки, маица и со ранец на грбот.