Јована Пајиќ, која ја поврзуваа со Марија Шерифовиќ: „Не сум спремна за нова љубов, ги одбивам мажите“
- Детали
- сабота, 11 јануари 2025
„Моите другарки ми најдоа стан за да се преселам. Искрено, имам дупка во меморијата поврзана со овој период. И можеби ќе останев во таа положба на фетус, но тие видоа дека пропаѓам и ме кренаа“, вели пејачката Јована Пајиќ за разводот со Сале Тропико.
Пејачката Јована Пајиќ, која во 2021-ва се раздели од фронтменот на „Тропико Бенд“, Сале Тропико, и понатаму често зборува за својот поранешен маж, но и како го надминала најтешкиот период во животот и нивниот развод.
Јована и Сале, кои имаат две деца, важеа за еден од најскладните парови на српската естрада, па затоа веста за нивниот развод беше изненадување за многумина.
Брзо потоа пејачката почнаа да ја поврзуваат и со Марија Шерифовиќ, особено откако двете жени неколкупати објавија фотографии од заеднички патувања.
Со тоа, тие ги подгреаја и шпекулациите дека се во врска.
Но, тие овие пишувања никогаш не ги потврдија, а сега, во интервју во емисијата на Гоца Тржан, Јована повторно зборуваше за својот пропаднат брак, но и за мажите кои ѝ приоѓаат со надеж дека ќе ја освојат.
„Разводот ми донесе нов, појасен фокус во животот. Станав посилна, нема што да ми го одвлече вниманието, нема некој што ќе ме „фарба“ со слатки зборови.
Тука сум за децата и растам со нив, а тоа е најважно“, рекла Јована.
На прашањето на Гоца дали размислува за нова љубов, Јована рекла дека и понатаму не е подготвена за тоа.
„Отворена сум за животот. Мажите кои ми приоѓаат ги одбивам, можеби и несвесно. Се кревам јас, работам на себе на својот живот.
Не останав во стариот стан, се отселив и сега се раѓам од пепелот. Последниве две години ми поминаа како три месеци.
И факт е дека не можам да развивам нешто со некој маж, да градам здрав однос, ако јас не сум здрава“, рекла Јована.
Таа додала и дека во моментите кога почнала да тоне, најголема поддршка ѝ биле пријателките.
„Моите другарки ја завршија половина работата за мене. Ми најдоа стан да се преселам.
Искрено, имам дупка во меморијата поврзана со овој период. И можеби ќе останев во таа положба на фетус, но тие видоа дека пропаѓам и ме кренаа“, кажала Јована.
Таа вели дека, колку и да ѝ било тешко, никогаш немала испади на бес пред децата.
„Секогаш замислував како тоа би ме уништило мене, да сум дете и да ја гледам мајка ми во таков хаос.
Затоа водев сметка за нив, ги филував приказните и не дозволував да страдаат ако не треба“, завршила Јована.
Инаку, брзо по разводот, Сале најде нова девојка и ужива во љубовта со неа.
Погледнете ја емисијата „Ako progovorim“ и гостувањето на Јована:
Прочитајте и Пред гласините за врска со Шерифовиќ, Јована Пајиќ беше мажена со Сале Тропико: „Ќе завршев во болница ако не се разведев“
А. Ј. | Црнобело