Пред гласините за врска со Шерифовиќ, Јована Пајиќ беше мажена со Сале Тропико: „Ќе завршев во болница ако не се разведев“

„Се разведовме на моја иницијатива, но беше многу тешко. Си помислив, ако некој ги праша децата како е мама, што ќе кажат? Дека седам дома во пењоар, со цигара и гледам низ прозорецот со празен поглед. Таа слика ме прогонуваше“, вели пејачката која 10 години беше во брак со Сале Тропико.

pred-glasinite-za-vrska-so-sherifovikj-jovana-pajikj-beshe-mazhena-so-sale-tropiko-kje-zavrshev-vo-bolnica-ako-ne-se-razvedev-01.jpg

Пејачката Јована Пајиќ веќе неколку недели е меѓу главните теми во српските медиуми.

Причината за тоа не е нејзината кариера, на која ѝ се врати по две години пауза, туку гласините дека е во љубовна врска со Марија Шерифовиќ.

pred-glasinite-za-vrska-so-sherifovikj-jovana-pajikj-beshe-mazhena-so-sale-tropiko-kje-zavrshev-vo-bolnica-ako-ne-se-razvedev-06.jpg

Овие озборувања почнаа откако двете пејачки открија дека биле заедно на одмор.

Но, дополнително ги подгреа изјавата на Јована, која на прашањето како си поминале на одморот, рекла дека „тоа е нивна приватност и интима, па не сака да споделува детали“.

pred-glasinite-za-vrska-so-sherifovikj-jovana-pajikj-beshe-mazhena-so-sale-tropiko-kje-zavrshev-vo-bolnica-ako-ne-se-razvedev-02_copy.jpg

Пред наводната врска со Шерифовиќ, Пајиќ 10 години беше во брак со Александар Цветковиќ, познат како Сале Тропико, со кого има 2 ќерки.

Додека беа заедно, не ги следеа скандали и имаа складен брак, поради што и ја изненадија јавноста кога открија дека се разделуваат.

Тие се разведоа кон крајот на 2021, но и понатаму продолжија да бидат пријатели.

pred-glasinite-za-vrska-so-sherifovikj-jovana-pajikj-beshe-mazhena-so-sale-tropiko-kje-zavrshev-vo-bolnica-ako-ne-se-razvedev-03_copy.jpg

Сега, во интервју за Story, Јована раскажа за нивниот љубовен крах.

„Разводот навистина беше тежок, особено што морав да останам стабилна поради ќерките, а се чувствував сосема спротивно од тоа.

Иако се разведовме на моја иницијатива, ми беше многу тешко. Моите родители се и сега во брак, а кога јас се мажев, имав идеја дека тоа ќе биде засекогаш.

pred-glasinite-za-vrska-so-sherifovikj-jovana-pajikj-beshe-mazhena-so-sale-tropiko-kje-zavrshev-vo-bolnica-ako-ne-se-razvedev-04.jpg

Кога останував сама размислував дали може да поправам нешто, да му дадам шанса на бракот.

По 10 години брак, сфатив дека не можам да живеам вака ни во следните 5 години, камо ли 20-30.

И дека ако не направам нешто, ќе се разболам и ќе завршам во болница.

Луѓето велат дека остануваат во лош брак поради децата, но ако нешто треба да направите за нив, е да ги тргнете од таа нездрава приказна, за утре да не мислат дека бракот треба да изгледа така.

Психички потонав пред да решам да се разведам. Си помислив, ако некој ги праша децата како е мама, што ќе кажат?

Дека седам дома во пењоар, со цигара и гледам низ прозорецот со празен поглед. Таа слика ме прогонуваше, па решив да сменам нешто.

Една пријателка ми рече дека моето дно имаше подрум, а јас бев скриена во тој подрум.

Бев сигурна дека ако не се разведам, следната станица ќе ми беше Клиничкиот центар, ќе свенев, ќе се разболев.

За среќа, ги имав ќерките, кои ми дадоа сила да сменам нешто“.

pred-glasinite-za-vrska-so-sherifovikj-jovana-pajikj-beshe-mazhena-so-sale-tropiko-kje-zavrshev-vo-bolnica-ako-ne-se-razvedev-05_copy.jpg

Прочитајте и Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ? „Да бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку шт...
Врска со Милена Радуловиќ, докторка му роди ќерка – Бурниот љубовен живот на актерот Радован Вујовиќ За Радован Вујовиќ велат дека е голем заводник кој беше во врска со три познати ...
Татко ѝ се самоубил, доби дете со хрватски актер – Факти за актерката Јована Стојилковиќ Сите ѝ велеле да го следи славниот дечко кој станал кошаркар во НБА и да си зами...
Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанс... Јавноста дозна дека на 22 години Лука Јовиќ стана татко и доби син, а само 4 мес...
Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“ „Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откак...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg