Врска со Милена Радуловиќ, докторка му роди ќерка – Бурниот љубовен живот на актерот Радован Вујовиќ
- Детали
- недела, 01 декември 2024
За Радован Вујовиќ велат дека е голем заводник кој беше во врска со три познати актерки. Важеше за „заколнат ерген“, а потоа сè дозна дека во тајност имал врска со докторка, откако направи забава по повод раѓањето на ќерката. Што знаеме за љубовниот живот на српскиот актер?
Српскиот актер Радован Вујовиќ е познат по големиот број улоги во српските ТВ серии и во српските претстави, а важи за еден од најнадежните млади актери таму.
Играше во сериите „Јужни ветар“, „Државни службеник“, а во серијата „Деца зла“ ја има главната улога, каде маестрално го одигра ликот на адвокатот Никола Бобиќ.
Освен со талентот за глума, Радован во српските таблоиди со години наназад привлекува внимание и со својот бурен љубовен живот.
За него велеа дека е заколнат ерген, иако бил во врска со неколку колешки. Па така, многумина беа изненадени кога во јули годинава тој доби ќерка на која ѝ го дадоа името Олга.
Набрзо се дозна дека тој долго време бил во врска со Валентина Танасковиќ, која завршила медицински факултет, но својата љубов ја криеле од јавноста.
Претходно, Радован беше во врска со три познати колешки.
Од 2009-та година тој беше во врска со актерката Ања Алач, која е ќерка на познатата српска актерка Весна Чипчиќ.
Во една пригода тој велеше дека Ања многу добро знае да влијае на неговиот карактер.
„Знам да бидам брзоплет и бурно да реагирам, а таа е тука за да ме смири. Ме освои со својата ведрина и позитивниот став кон животот, а врската со неа е нешто во што секојдневно уживам“ – рече тој.
Тие двајца биле заедно до 2015-та година, но не зборуваа премногу за својот приватен живот, ниту пак сакаа да ги коментираат причините за разделбата.
По ова тој кратко беше во врска со актерката Нада Мацанковиќ, која денес е омажена за одбојкарот Бојан Јаниќ со кого има две деца.
Во тој период Нада велеше дека се надева на заедничка иднина и да почнат да живеат заедно со колегата, Радован, но, нивната врска не траеше долго.
Од 2017-та година тој ја започна врската со Милена Радуловиќ, а на социјалните мрежи повремено објавуваа фотографии од патувањата.
Во 2020-та година се дозна дека тие двајца раскинале, и иако не сакаа да коментираат во јавност за разделбата, во тој период се ширеа гласини дека парот не можел да ја издржи раздвоеноста, затоа што Милена во тој период многу време поминувала во Русија, каде снимала филмови.
Радован и Милена останаа во добри односи, а тој беше меѓу првите што јавно ја поддржаа кога таа јавно прозборе за сексуалното насилство што го трпела додека била ученичка во драмската школа на Мика Алексиќ.
По врската со Милена, Радован го криеше во најголема тајност својот приватен живот, а се дозна дека имал девојка со која доби ќерка, откако негови пријатели објавија фотки на кои го слави раѓањето на девојчето со искината маичка.
Б. С. Б. | Црнобело