Се откажа од ќерката единица и поднесе барање за развод - Семејна драма во домот на член од „Амадеус бенд“
- Детали
- четврток, 06 март 2025
„Јавно се откажав од ќерка ми, а потпишав и тестамент во кој целиот свој имот им го оставам на децата на мојот брат“ - рекол клавијатуристот на „Амадеус бенд“, откако во јавноста се дозна дека се разведува и дека не сака да им даде ништо на ќерката и сопругата.
Клавијатуристот на „Амадеус бенд“ Аца Станимировиќ ја изненади јавноста со своето признание дека се откажал од својата ќерка единица, но и дека поднел барање за развод од сопругата.
Уште поневеројатно е тоа што својата одлука да не им остави ништо на ќерката и сопругата ја „запечатил“ со тестамент во кој пишува дека неговиот имот и стекнатото богатство ќе го наследат децата на неговиот брат Бојан.
Музичарот кој свири во еден од најпознатите српски групи, го прекинал секој контакт со сопругата и ќерката.
Тие продолжиле да живеат во семејната куќа близу Дољевац, а тој сега живее сам во Белград.
Во изјава за „Свет“, тој потврдил дека се разведува и дека има многу докази против сопругата, кои би требале да му помогнат во бракоразводната парница, за да не ѝ даде пари или дел од имотот што го поседува.
„Имам снимки и ќе ги покажам кога ќе дојде време. Јавно се одреков од ќерка ми, а потпишав и тестамент во кој целиот свој имот им го оставам на децата на Боки.
Не знам од каде пазарела мојата сопруга и како успевала да ги потроши сите пари, но веќе два месеци сум сам и успевам да заштедам пари. И можам да ви кажам дека оваа слобода е бесценета“.
Аца кажал и дека од станот претходно му исчезнале пари, а дека сопругата и нејзиното семејство имаат намера да се борат за да добијат половина од неговиот имотот, но тој нема да се согласи на такво нешто.
„Тоа нема да биде возможно. Јас продолжувам понатаму, животот е убав.
Ѝ простив за разголените слики што ги објави на профилите, иако не знам како на професор му се дозволува тоа, но јас не можам да го простам другото. А тоа другото не е неверство“, додал тој.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





