Има 2 деца со различни жени, често ги изневерува девојките: Бурниот љубовен живот на Петар Стругар

Зад себе има еден пропаднат брак и вели дека разводот не му паднал тешко. Вториот син го доби во вонбрачна врска, со жената со која наводно, ја изневерил пејачката Милица Тодоровиќ. Што знаеме за љубовниот живот на Петар Стругар?

ima-2-deca-so-razlichni-zheni-chesto-gi-izneveruva-devojkite-burniot-ljuboven-zhivot-na-petar-strugar-01.jpg

Еден од омилените актери од помладата генерација во Србија, Петар Стругар, има бурен љубовен живот.

Иако тој се обидува да скрие многу работи од јавноста, во медиумите често се пишува за неговите врски, за пропаднатиот брак, за второто дете што го доби со непозната жена, брзо откако ја раскина врската со пејачката Милица Павловиќ.

ima-2-deca-so-razlichni-zheni-chesto-gi-izneveruva-devojkite-burniot-ljuboven-zhivot-na-petar-strugar-07.jpg

Во моментов Петар е во љубов со колешката, актерката Нина Нешковиќ.

Нивната врска почна откако двајцата беа ангажирани како глумци во претставата „Наш разред“ во националниот театар.

Приватноста ја чуваат за себе, но Стругар неодамна објави прво селфи со девојката на Инстаграм Стори, а за да ѝ го честита роденденот.

ima-2-deca-so-razlichni-zheni-chesto-gi-izneveruva-devojkite-burniot-ljuboven-zhivot-na-petar-strugar-12.jpg

Иако се чини дека љубовта им цвета, пред Нина, Петар имаше бурен љубовен живот.

Ѕвездата на филмот и серијата „Монтевидео, бог те видео“ во 2011 година почна да се гледа со 6 години постарата колешка Ивана Николиќ.

ima-2-deca-so-razlichni-zheni-chesto-gi-izneveruva-devojkite-burniot-ljuboven-zhivot-na-petar-strugar-08.jpg

Во 2013 година тие се венчаа, а следната година се роди нивниот син Зариј.

Во тоа време Петар имаше 26 години.

Една година по раѓањето на синот, во 2015-та, тој и Ивана ставија крај на бракот.

„Семејството е важно, е сега, или ќе успее или нема да успее.

Не ми беше тешко поради разводот, но тежок ми беше моментот кога сфатив дека не сум сам, имам дете.

Но, жив човек ќе се навикне на сè“, изјави Петар во едно свое интервју.

ima-2-deca-so-razlichni-zheni-chesto-gi-izneveruva-devojkite-burniot-ljuboven-zhivot-na-petar-strugar-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg