Има 2 деца со различни жени, често ги изневерува девојките: Бурниот љубовен живот на Петар Стругар
И покрај разводот, со поранешната сопруга е во добри односи и заедно се грижат за синот.
„Зошто да не сме во добри односи? Поради детето мора да ставите сè на страна, да голтнете кога треба да голтнете некои работи.
Денес сме најверојатно во подобри односи отколку кога бевме во брак“, рече актерот во емисијата на Гоца Тржан, „Гоца шоу“.
Во текот на студиите, Петар бил во врска со Анѓела Лакиќевиќ, поранешната водителка на реалното шоу „Парови“.
Тие се запознале на факултетот во Цетиње, каде што студирале двајцата, а нивната љубов траела две и пол години.
Но, врската им завршила кога Петар се преселил во Белград и почнал да го снима „Монтевидео“.
Уште една врска за која се зборуваше многу во јавноста, е со пејачката Милица Тодоровиќ.
Тие, иако кратко, секаде беа заедно, и раскажуваа колку се среќни и се сакаат.
Токму затоа многумина беа изненадени кога раскинаа, а Милица брзо потоа изјави дека „Петар ѝ е единството љубовно промашување во животот“.
Според медиумите, тие раскинале поради неверство на Петар, а дека тоа и ја предизвикало нејзината реакција.
Како потврда за неверството е што кратко по раскинувањето, Петар доби уште еден син, Иво, со жена за која се знае дека се вика Оља.
Според медиумите љубовта со Оља, пак, прекинала, бидејќи актерот ја оставил за актерката Калина Ковачевиќ.
И повторно се шпекулираше дека Оља ја изневерил со Калина.
Денес и Калина е минато, а Петар е среќен со неговата девојка Нина.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





