Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал со Данијела?
- Детали
- петок, 14 јуни 2024
Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо откри дека неговата сопруга Хана Хуљиќ Грашо повторно е во блажена состојба, а сега го откри и полот на бебето. Дали малата Алба ќе добие братче или сестричка и како ќе се вика бебето?
Петар Грашо даде изјава за IN magazin и рече дека семејството е мошне возбудено и со нетрпение чека да го запознае новиот член, а се очекува второто бебе да биде момче, откако пред извесен период од Скопје потврди дека неговата сопруга е бремена.
На прашањето како се чувствува неговата сопруга во моментов, Петар Грашо накратко одговори:
„Како е Хана? Па како и секоја бремена жена. Еден ден ѝ се јадат кроасани, другиот ден не сака кроасани.
Потоа еден ден супер ѝ мириса мојот парфем, следниот ден ѝ е ужасен.
Најверојатно тоа така треба да биде и тоа е во ред“ – вели тој.
Инаку, нивната прва ќеркичка Алба ова лето ќе го прослави својот втор роденден, а Петар за неа вели:
„Алба е живо дете, веројатно како и сите деца што имаат речиси две години.
Таа е љубопитна, своеглава, многу сака да пее, да крева врева, почнува полека да зборува“ – раскажува тој и нагласува дека ова девојче внело нешто посебно во нивниот живот.
Иако се чини дека Петар веќе неколку години тргна да го живее животот во свој правец, сепак хрватските медиуми не забораваат дека тој 24 години беше во врска со пејачката Данијела Мартиновиќ, па нагласуваат дека тој на ќерката ѝ го дал името што планирал да ѝ го даде со поранешната партнерка.
Тие ја пренесуваат изјавата на Данијела дадена за медиумите во 2014-та година, кога таа рече дека најголема желба ѝ е да стане мајка.
„Навистина се надеваме дека многу брзо ќе се израдуваме. Синот ќе биде Тони, тоа се знае, според покојниот дедо на Петар, а за девојчињата имаме две имиња Алба и Луце.
Луце затоа што ми е наше далматинско и така се викаше мојата покојна баба, но кога го слушнав името Алба, навистина бев восхитена. Алба на италијански значи зора и исто така ми е повеќезначно, но убаво и необично“ – изјави Данијела.
Дали Петар нема да отстапи од плановите и на второто дете ќе му го даде името што планирал да му го даде со поранешната партнерка, останува да видиме.
Прочитајте и Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа најдолгите во животот“
Б. С. Б. | Црнобело