Сопругата на Петар Грашо пак е бремена – пејачот од Скопје ги потврди убавите вести

Пред помалку од 2 години ја добија ќеркичката Алба, а сега Петар Грашо потврди дека со сопругата Хана го очекуваат второто дете.

petar-grasho-go-cheka-vtoroto-dete-od-skopje-potvrdi-deka-negovata-sopruga-pak-e-bremena-01.jpg

Сопругата на Петар Грашо, Хана Хуљиќ повторно е бремена. Убавите вести ги потврди и самиот пејач, кој во моментов се наоѓа во Скопје заради неговиот трет распродаден концерт пред македонската публика.

Во хрватските медиуми веќе подолго време се ширеа гласини дека сопругата на Петар Грашо, Хана Хуљиќ повторно е бремена, а сега и самиот пејач ги потврди убавите вести.

Тој во телефонска изјава за In Magazin потврдил дека со сопругата наскоро ќе станат родители на уште едно дете, а малата Алба ќе добие братче или сестричка.

Хана за последен пат во јавност се појави пред 10-тина дена на отворање на една изложба во Загреб, а јавно зборуваше за својата ќерка и за тоа колку таа им го направила животот поубав.

„Толку уживам во секој миг со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби и сега едвај чекам да порасне, но знам дека потоа ќе ми биде жал. Прекрасна е, весела и внесе нешто посебно во нашите животи“ – рече Хана.

Инаку, Петар и Хана во јули годинава ќе го прослават вториот роденден на ќеркичката Алба.

Нивната врска на почетокот беше доста критикувана од страна на јавноста затоа што пејачот претходно одлучи да стави крај на 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ, а потоа се дозна дека се гледа со ќерката на неговиот долгогодишен пријател и соработник Тончи Хуљиќ.

Инаку во интервју за CRNOBELO.com Петар Грашо раскажа дека во моментот кога неговата ќерка се родила тој бил во Охрид, а патувал 10 часа за да стигне да ја види.

Целото интервју со Петар Грашо прочитајте го ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Сопругата на Петар Грашо се сликаше во 8-иот месец од бременоста, па ги збуни сите: „Носиш близнаци?... „Дали Хана носи близнаци?“ Ова е прашањето што многумина си го поставија откако ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg