Помалку познати факти за Петар Грашо – има луксузен комплекс со апартмани, Оливер Драгојевиќ го оттргнал од спортска кариера
- Детали
- понеделник, 09 септември 2024
Сигурно знаете које Петар Грашо, но дали знаевте дека во последен мимент одлучил да ја промени кариерата, а најголем виновник за тоа бил Оливер Драгојевиќ? Кои се помалку познати факти за Петар, што сигурно не сте ги знаеле?
Познатиот хрватски музичар Петар Грашо во последните неколку години беше во фокусот на интересот заради врската и бракот со ќерката на неговиот пријател Тончи Хуљиќ, Хана, која е 14 години помлада од него.
Важи за еден од најпознатите хрватски музичари во регионот, кој лесно ги распродава концертите, а автор е на голем број песни што брзо станаа хитови.
Но, Петар не сакал отсекогаш да се занимава со музика, ниту пак верувал дека неговото хоби ќе стане професија.
Во продолжение неколку интересни факти за Петар Грашо што не сте ги знаеле:
Петар е роден во Сплит во 1976-та година, во семејството на кошаркарот Зоран Грашо и неговата сопруга Снежана.
Како дете Петар прво тренирал фудбал, а потоа тргнал по стапките на татко му и се одлучил да тренира кошарка. Но, неговиот талент за музика бил откриен многу рано, од еден негов вујко кој бил тапанар, па така Петар паралелно завршил и музичко училиште.
Кога го завршил средното образование, Петар планирал да се запише на еден американски универзитет, каде што требало да ја продолжи кошаркарската кариера, но една касета му го променила целосно животот.
Петар на 16 години ја напишал првата песна, а таа завршила во рацете на Оливер Драгојевиќ кој требало да даде објективна оценка за трудот на младиот музичар.
„На 16 години ја напишав првата песна. Татко ми се дружеше со Оливер Драгојевиќ, му ја даде касетата и му рече: ‘Еве, мојов син нешто работи, пишува, јас ја слушнав песната, не сум објективен, но мене ми се чини дека можеби не е лошо’.
Слушни го па да можам со мирно срце да му кажам дали треба да престане да се занимава со музика, или да му кажам дека е добар“ – раскажа во една пригода Петар.
По неколку дена Оливер ја слушнал песната и му се јавил на Петар на фиксен телефон, па го прашал директно:
„Дали ти ги пишуваше овие песни или ме лажеш?“
По ова Оливер рекол дека ќе ги испее сите тие песни, меѓу кои била и песната „Boginja“, со која на фестивалот „Dora“ го освоил второто место.
Па така Петар се простил од спортската кариера, а почнал да се занимава со музика.