На бившата сопруга ѝ скрши ребро, доби забрана за пристап: Скандалозниот српски кикбоксер има нова девојка
- Детали
- среда, 04 декември 2024
Македонската јавност, покрај по спортските успеси, го знае Ненад Пагонис и од шоуто „Твоето лице звучи познато“, каде учествуваше во 2019 година... По скандалите со поранешната сопруга, која од него доживеа скршеница на ребро, тој беше во куќен притвор и доби забрана за пристап, но сега се пофали дека го живее својот сон со новата девојка.
Боксерот Ненад Пагонис на почетокот од јуни 2024 година беше обвинет за семејно насилство од страна на поранешната сопруга, актерката и музичарка Маја Брукнер.
Тие се разведени одамна, но конфликтот настанал наводно поради обврските за земање на едно од нивните две деца од тренинг во Нови Сад.
Ненад и Маја во брак биле 9 години, а при нападот Ненад наводно ѝ направил прелом на ребро на поранешната сопруга.
По овој настан Ненад беше во куќен притвор, па доби забрана за пристап. Но, веќе месеци наназад тој е среќно вљубен и животот го дели со нова девојка, а сега и јавно сподели колку е среќен што ја има.
Тој објави видео на кое има кадри како со новата девојка и со неговите деца, од бракот со Маја, прави куќарка од дрво.
Во неговата Инстаграм објава во описот на видеото, тој порачува:
„Ако нешто сум научил во животот, тоа е да се осудиш да сонуваш.
Да се осудиш да сонуваш најубави соништа, дури и кога околу тебе светот се руши, кога остануваш сам, кога душата ти вреска однатре и нема кој да те чуе.
Осуди се и истрај во тоа сонување, затоа што Бог нè искушува колку силно нешто сакаме.
Научив дека колку повеќе се бориме да добиеме нешто, толку нам тоа ни е подалеку и подалеку. Се трудиме, на моменти сме на чекор од нешто, но тоа секој пат ни бега.
Ние сме сè поуморни и поуморни и на крајот сме буквално скршени од умор од сè. Но, тогаш кога ќе пуштиме, тогаш доаѓа магијата...
...Сонував големо семејство, ги сонував нив малечки како трчаат и си играат со животни, ја сонував неа – таа која ќе ми биде инспирација, која ќе може да оди рамo до рамо со мене и со која ќе се гордеам секојпат кога ќе ја погледнам, со која сè ќе оди лесно, како да сме се чекале 1.000 години, затоа што пред тоа сме живееле уште толку.
Сонував ранч со животни на кој децата ќе играат под отворено небо, чист воздух, животни покрај нив, а тој сон почна да ми се остварува.
Затоа сонувајте, не губете верба, затоа што сè ќе дојде на свое место затоа што животот е магија“.