Бившиот ја изневерил со Едита, денес е среќно мажена со две деца - Што прави Ана Бебиќ од „Операција триумф“?
- Детали
- недела, 15 септември 2024
Ја поврзуваа речиси со сите учесници во „Операција Триумф“, па потоа 6 години беше во врска со композитор кој постојано ја изневеруваше. Денес е во брак со Србин, со кого доби две деца. Каде е и што прави Aна Бебиќ од „Операција триумф“?
Оние што со нетрпение го очекуваа секое ново издание на шоуто „Операција триумф“ во кое се прослави и нашиот Александар Белов, сигурно се сеќаваат и на шармантната Ана Бебиќ, која важеше за една од најталентираните натпреварувачки.
Ана Бебиќ беше претставничка од Хрватска, а за време на шоуто ја поврзуваа со повеќе претставници, меѓу кои и со Аднан Бабајиќ, Никола Сариќ, но и Никола Пауновиќ.
Во тоа време, Ана се шегуваше дека има двајца дечковци. Велеше дека Никола Пауновиќ ѝ е дечко за пред медиумите, а има друг во приватниот живот.
Набрзо потоа се дозна дека таа е во врска со композиторот Филип Милетиќ, кој ѝ ја напиша песната Preživeću која беше вистински хит по завршувањето на шоуто.
Ана потоа ја сними и песната Italiana со Северина, а заради кариерата одлучи да се пресели во Белград.
На приватен план, Ана долго време беше во врска со Филип, постојано се смируваа и се разделуваа, а се шушкаше дека најголем проблем се неверствата на композиторот.
По 6 години, во 2015-та година се дозна дека Ана и Филип конечно раскинале.
Српските таблоиди во тој период нагаѓаа дека тие двајца се разделиле заради блискиот однос на Филип со пејачката Едита Арадиновиќ.
Но, неколку години по раскинувањето, Ана го запозна денешниот партнер Иван Ѓолиќ, со кого стапи во брак во 2017-та година.
Иван е ИКТ експерт, кој не води јавен живот и не сака да се експонира во јавноста, а парот доби два сина.
Во 2018-та година таа го доби првиот син Матија, а три години подоцна, во 2020-тата и вториот, Андрија.
Во овој период, Ана целосно се повлече од настапите и се посвети на мајчинството, а сама велеше дека би сакала многу повеќе да биде застапена во медиумите заради музиката што ја создава, отколку со приватниот живот.
Така, само два месеци по породувањето со вториот син Ана брзо се врати на настапите и на сцената, а на Инстаграм редовно објавува свои фотки.
Најчесто коментарите се дека Ана воопшто не се променила од 2009-тата година досега, а дека со годините станала само позабавна.