Марија Шерифовиќ на првиот одмор со синот Марио: Со неа зела дадилка и стоматолог
- Детали
- четврток, 04 јули 2024
„Добредојдовте Марија и Марио“ – пишуваше на балоните со кои персоналот во луксузниот хотел ја пречека српската пејачка и нејзиниот син. Марија Шерифовиќ со себе на одмор понесе цел тим луѓе, а секој миг од одморот го документираше во забавно видео.
Српската пејачка Марија Шерифовиќ тргна на заслужен одмор, а заедно со неа е и синот Марио, кого го доби во декември минатата година со помош на сурогат мајка.
Пејачката на својот Јутјуб канал објави подолго видео во кое покажа како изгледа првиот одмор на Марио.
Како што вели, со нив заедно е и дадилката на малиот Марио, но и нејзината заболекарка.
„Сега се собравме сите, а единствената личност што ми треба покрај Марио и неговата дадилка е и мојата заболекарка, па ако ми испаднат протезите да не морам да одам назад во Белград“ – вели таа во видеото.
Марија се пофали дека патувањето со авион поминувало добро, со оглед на тоа што ова е трето патување на Марио во авион.
„Откако бев под стрес додека се враќавме од САД, па потоа следуваше патување во Дубаи и сега ова ни е третпат. Но, сѐ некако ми се чини дека ни е сѐ помалку стресно“ – вели Марија.
Марија и Марио се сместија во луксузен хотел во Црна Гора, а како што покажа пејачката во видеото, персоналот во хотелот се потрудил да им обезбеди пријатен пречек.
Во собата имало и мало креветче за бебето, а до него биле закачени златни и бели балони на кои пишува:
„Добредојдовте Марија и Марио!“