Марија Шерифовиќ за постариот брат кој почина пред 11 години: „Тој беше бескрајно добра душичка“

Знаете ли кој бил постариот брат на Марија Шерифовиќ, за кого пејачката најчесто одбива да зборува? Исто како неа, сакал да се занимава со музика, но заради лошата здравствена состојба не можел.

marija-sherifovikj-za-postariot-brat-kogo-go-zagubi-pred-11-godini-toj-beshe-beskrajno-dobra-dushichka-01.jpg

Сите знаат дека Марија Шерифовиќ има помал полубрат Данијел, кој исто така е музичар, и со кого, таа е мошне блиска.

marija-sherifovikj-za-postariot-brat-kogo-go-zagubi-pred-11-godini-toj-beshe-beskrajno-dobra-dushichka-02.jpg

Но, малкумина знаат дека пејачката пред 11 години доживеа голема трагедија, кога почина нејзиниот постар брат Душан, по долгогодишна борба со тешка болест.

Душан ѝ бил полубрат на Марија од првиот брак на нејзиниот татко Рајко, а таа ретко зборува за него и за трагедијата што силно ја погодила.

marija-sherifovikj-za-postariot-brat-kogo-go-zagubi-pred-11-godini-toj-beshe-beskrajno-dobra-dushichka-08.jpgПолубратот на Марија - Душан

Кога гостуваше во емисијата „Na terapiji“ Марија појасни дека на Душан уште како многу мал му било дијагностицирано заболување на срцето, заради што го однеле на операција во Лондон.

Но, за жал, ниту лекарите, ниту парите што татко ѝ ги давал, не можеле да му помогнат на момчето.

„Душан ми беше брат од првиот брак на Рајко. Тој беше една бескрајно добра и посебна душичка“ – рече накратко пејачката.

marija-sherifovikj-za-postariot-brat-kogo-go-zagubi-pred-11-godini-toj-beshe-beskrajno-dobra-dushichka-04_copy.jpg

Марија откри дека прераната смрт на нејзиниот брат, кој почина на возраст од 45 години, оставила длабока трага врз нивните животи, а на неговиот погреб се собрале голем број луѓе.

Инаку, речиси ништо не се знае за првиот брак на Рајко Шерифовиќ, а според дел од медиумите, тој пред да стапи во брак со Верица, 11 години бил оженет за сопругата Мира, со која го добил првиот син.

По разводот, Душан и Мира заедно заминале да живеат во Лондон.

Најстариот брат на Марија во една пригода откри дека и тој, како и Марија и Данијел, се занимавал со музика, но заради здравствената состојба не можел сериозно да се посвети на кариерата.

Рече дека тие не се премногу блиски со Мaрија, затоа што сите деца на Рајко Шерифовиќ живееле со своите мајки.

marija-sherifovikj-za-postariot-brat-kogo-go-zagubi-pred-11-godini-toj-beshe-beskrajno-dobra-dushichka-05.jpg

Познато е дека Марија полубратот Данијел го добила од вонбрачната врска на татко ѝ со друга жена.

Таа откри дека родителите долго криеле од неа дека има полубрат, а дека тоа најверојатно го направила Драгиња, бабата на Марија по татко ѝ.

Пејачката вели дека било вистински шок да дознае дека има полубрат со кого заедно одат во училиште, за кого нe знаела, затоа што тој не го носи презимето на нејзиниот татко.

„Во тој миг, јас, како постара сестра станав негов заштитник. Сите личности што имаат каква било генетска поврзаност со мене, ја имаат и мојата поддршка, целата моја сила, сите мои крилја“ – нагласи Марија.

marija-sherifovikj-za-postariot-brat-kogo-go-zagubi-pred-11-godini-toj-beshe-beskrajno-dobra-dushichka-06.jpgПомалиот полубрат на Марија - Данијел

Доказ дека Марија и Данијел се во одлични односи е и тоа што тие двајца заедно имаат музичка школа, а тој ја придружуваше и на патување во Шпанија, за едно со мајка ѝ Верица и синот Марио.

Инаку, и нејзината мајка Верица во една пригода отворено зборуваше за разводот со Рајко и како тој во еден период дури ѝ ја одземал и ќерката.

За тоа како конечно Верица се развела од Рајко, прочитајте повеќе ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg