Српска пејачка има еден од најубавите домови во регионот - вила од половина милион евра со базен, сауна, кокошарник и икони
- Детали
- недела, 27 април 2025
Далеку од градската врева на Белград, среде зеленило во рурална средина, Сека Алексиќ го пронајде својот семеен мир со сопругот и двата сина. Таа живее во раскошна вила со традиционални елементи.
Сека Алексиќ живее во раскошна вила во општината Стара Пазова, Србија, која ја изградила во 2009 година на огромна парцела.
Вилата, проценета на околу 500.000 евра, се наоѓа во мирна околина, далеку од градската врева, опкружена со природа и зеленило.
Инаку, Стара Пазова е град и општина во Војводина, на околу 30 километри од Белград.
Има околу 18.000 жители во самиот град, а целата општина има околу 70.000.
Местото е познато е по мирниот начин на живот и сè повеќе јавни личности го избираат како живеалиште, на страна од градската врева.
Домот на Сека има низа луксузни елементи како базен, џакузи, сауна и пространи тераси.
Но, полн е и со икони, а во дворот има и кокошарник, подарок од нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ, како и градина со овошје и зеленчук што самата ја одгледува.
Внатрешноста на вилата е уредена со внимание на деталите, вклучувајќи кристални лустери, модерен мебел и соба гардеробер.
Сека често споделува фотографии од својот дом на социјалните мрежи, покажувајќи го нејзиниот семеен живот и љубовта кон уредувањето.
Некои колеги од естрадата се изненадија од изборот на пејачката да живее во рурална средина, но таа остана доследна на својата визија за мирен живот во природа, што се покажа како идеално место за нејзиното семејство.
Сека има два сина со својот сопруг Вељко - синот Јаков, роден во 2016-та година, и синот Јован, роден во 2020-та година.
Нејзиниот дом преку Инстаграм фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





