Спа центар, винска визба - Што крие луксузната вила од 2 милиони евра што Харис Џиновиќ ѝ ја остави на бившата?
- Детали
- вторник, 18 февруари 2025
„Не сум архитект, не читам нацрти, гледам како е нешто изградено и реагирам. Велам: ‘Урнете го ѕидов не ми се допаѓа, проширете ја гаражата - не сакам да влегувам низ иглени уши’. Јас плаќам и сакам да изгледа така како што јас сакам“ - изјавил Џиновиќ за изградбата на куќата во која не живее по разводот.
Повеќе од една година, пејачот Харис Џиновиќ и неговата, сега веќе поранешна, сопруга Мелина, се во центарот на вниманието на медиумите, поради својот бурен развод.
Она што делуваше како еден од најскладните бракови во регионот, наводно, со години била фарса, бидејќи Харис дознал дека 30 години помладата сопруга го изневерувала долго време.
По скандалот, пејачот си заминал од семејниот дом и ѝ го оставил на поранешната сопруга, за да живее во него со децата.
Станува збор за вила од 930 квадрати, во елитната белградска населба Сењак, која Харис самиот ја замислил и која е градена по негов вкус.
Изградбата на куќата почнала во 2017-та, а завршила 4 години подоцна, бидејќи пејачот постојано нешто менувал и имал разни барања, па дури и побарал да се урне изграден ѕид бидејќи не му се допаѓал каде е кренат.
„Не сум архитект ни градежен инженер ниту статичар. Не читам нацрти и планови. Гледам како е нешто изградено и реагирам.
Им велам: ‘Урнете го ѕидов не ми се допаѓа, дајте нешто друго; проширете ја гаражата - не сакам да влегувам низ иглени уши’.
Тоа се некои нормални промени, не знам зошто некој би рекол дека сум тежок. Јас плаќам и сакам да изгледа така како што јас сакам.
Тие што градат ќе си заминат, јас треба да останам и да живеам тука. Градам за себе, а не за нив“, изјавил за медиумите пејачот.
Тој дал околу 2 милиони евра за куќата која има неколку спални соби, голема дневна соба, детски соби за ќерката Џина и синот Кан, теретана, сала за прослави и спа центар.
„Некои парчиња се купени во Франција, бидејќи Харис има префинет вкус и знае што сака“ - рекол близок пријател на пејачот, кој открил детали за внатрешноста на вилата.
Куќата има огромен базен, а според и џакузи, кое наводно, чинело 7.000 евра. Тука е и винарска визба со вина донесени од различни краеви на светот.
Еден дел од куќата е направен со посебна изолација и тука се наоѓа музичко студио.
Ќерката Џина често знае да сподели фотографии од нивниот дом на својот Инстаграм.
Оттаму може да се види дека ентериерот е во светли бои - бела и крем, но има и многу детали од дрво. Подовите се од мермер.
Во дневната соба доминира камин, но и лустери од кристал, многу украсни ламби.
Харис (73) и неговата 30 години помладата сопруга, дизајнерката Мелина Џиновиќ, живееја тука две години пред да се дознае дека се разведуваат.
Тие се запознале во 2002-ра, кога таа имала само 22 години, а тој 52. Се венчале во 2014-та година.
Погледнете повеќе фотографии од вилата на следната страница...
Би можело да ве интересира:





