Swarovski ѓердан од 550 евра – Колку чини стајлингот на Цеца во спотот за дуетот со Жељко Јоксимовиќ?

Дури и кога се појавува во скромни аутфити, Цеца знае изгледот да го надополни со скапи дизаjнерски чанти и чевли, а за двата провокативни аутфити во новиот спот за дуетот со Жељко Јокисмовиќ пејачката потрошила повеќе од 2.500 евра. Чии креации носи Цеца и колку чинат?

fustan-vo-boja-na-kozha-i-prodziren-komplet-shto-nosi-ceca-vo-spotot-za-duetot-so-zheljko-i-kolku-chini-01.jpg

Цеца и Жељко Јоксимовиќ се едни од најпознатите српски музичари, а публиката конечно имаше можност да го дочека нивниот дует „Више од среће“.

fustan-vo-boja-na-kozha-i-prodziren-komplet-shto-nosi-ceca-vo-spotot-za-duetot-so-zheljko-i-kolku-chini-02.jpg

Спотот за песната беше објавен вчера (10.06), а речиси сите се согласни дека пејачката изгледа доста младо за своите години.

50-годишната фолк дива во спотот носи две креации од домашни српски дизајнери кои ѝ стојат одлично, а за стајлингот повторно издвоила неколку илјади евра.

fustan-vo-boja-na-kozha-i-prodziren-komplet-shto-nosi-ceca-vo-spotot-za-duetot-so-zheljko-i-kolku-chini-04.jpg

Таа носи фустан од српската дизајнерка Ксенија Вујовиќ во боја на кожа, кој се продава по цена од околу 350 евра и комплет од дизајнерот Лазар Илиќ, кој исто така се продава по цена од 350 евра.

fustan-vo-boja-na-kozha-i-prodziren-komplet-shto-nosi-ceca-vo-spotot-za-duetot-so-zheljko-i-kolku-chini-06.jpg

За црните чевли со високи потпетици, кои ги носи заедно со црниот проѕирен комплет, пејачката издвоила 945 евра, а целиот стајлинг го надополнила со луксузен накит.

fustan-vo-boja-na-kozha-i-prodziren-komplet-shto-nosi-ceca-vo-spotot-za-duetot-so-zheljko-i-kolku-chini-03.jpg

Така таа носи ѓердан од Swarovski кој се продава по цена од 550 евра, додека за двете бразлетни на раката издвоила околу 430 евра.

fustan-vo-boja-na-kozha-i-prodziren-komplet-shto-nosi-ceca-vo-spotot-za-duetot-so-zheljko-i-kolku-chini-08.jpg

Сѐ на сѐ, за својот беспрекорен стајлинг Цеца потрошила нешто повеќе од 2.600 евра.

fustan-vo-boja-na-kozha-i-prodziren-komplet-shto-nosi-ceca-vo-spotot-za-duetot-so-zheljko-i-kolku-chini-09.jpg

Но, ова воопшто не треба да нѐ зачудува, затоа што е познато дека српската фолк дива речиси секогаш носи брендирана облека, а дури и тогаш кога ќе се појави во поскромни изданија, нив ги надополнува со скапи дизајнерски чанти или чевли.

Погледнете го спотот за песната:

Прочитајте и Лицата на познатите регионални пејачки кога се снимени одблиску и кога позираат за на Инстаграм

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Љубовната приказна на Цеца и Аркан - Првпат го видела на фотографија во Playboy, го убија во нејзина... „Кажав дека ќе се мажам за Жељко, а мајка ми рече: ‘За Шашиќ? Одлично, тој е пре...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Бившиот на Цеца очекува бебе со некогашната Мис Србија – се венчаа неодамна, таа е во добар однос со... Со фотка на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче и ехо снимка, Богдан Срејовиќ ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Цеца во „скромен“ аутфит од над 35.000 евра, Анастасија си дојде од Шпанија – Како се славеше раѓање... „Цел ден сум во истата облека, цел ден трчам и работам“ – им се пожали Цеца Ражн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg