По две децении соработка Цеца и Жељко Јокисмовиќ снимија дует: Се очекува песната да биде голем летен хит
- Детали
- понеделник, 10 јуни 2024
„Ние чекаме 20 години ова да се случи“ – откри Жељко Јоксимовиќ во моментот додека песната сè уште беше во подготовка. По две децении соработка Цеца Ражнатовиќ и Жељко Јоксимовиќ го објавија својот прв дует.
Едни од најпознатите српски пејачи Цеца Ражнатовиќ и Жељко Јокисмовиќ ги обединија силите и заедно го снимија дуетот насловен „Више од среће“.
Видеоспотот за песната беше објавен денес (10.06) на големо задоволство на публиката која долго чекаше да слушне нешто ново од овие двајца пејачи.
Веќе се очекува оваа песна да стане голем летен хит, кој ќе се слуша насекаде во регионот.
Двајцата музичари нагласија дека на оваа песна работеле долго и напорно и дека таа не настанала преку ноќ.
Познато е дека тие двајца се добри пријатели, а Жељко досега пеел пратечки вокали на некои од нејзините песни, како „Громе мој“ и „Пиле“.
Во моментот кога влегоа во студио да ја снимаат песната, Жељко во изјава за медиумите истакна дека ова е проект на којшто чекале две децении.
„Ние чекаме 20 години ова да се случи. Милош Рогановиќ ми ја прати песната пред една година, а потоа јас ѝ ја пратив на Цеца и таа веднаш ми рече дека ѝ се допаѓа“ – откри Жељко во таа пригода, а Цеца се надоврза:
„Ние што траеме толку многу години, сме си поставиле себеси некои нивоа и не ни се оди надолу, тоа не е во природата на човекот што е амбициозен и што сака победа - зборувам метафорички. Денес е тешко да се дојде до добра песна“.
Во продолжение слушнете како звучи новиот дует на Цеца и Жељко:
Б. С. Б. | Црнобело